„Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески и пет други краткометражни и долгометражни филмови вчеравечер на „Преку езерото“

На четвртата вечер од филмскиот фестивал „Преку езерото“ во Дојран, беa проектирани шест кратки и долгометражни филмови.

На самиот почеток беше прикажан „Дали си маж“ – краткиот македонски филм на Ѓорче Ставрески по што публиката имаше можност да постави прашања директно до режисерот.

Потоа имаше проекција на долгометражниот филм „Сребрен бунт“ од израелскиот режисер Дан Шадур и „Човекот кој не можеше да молчи“ на хрватскиот режисер Небојша Слијепчевиќ.

Публиката од оваа страна на граница, имаше можност да го погледне грчкиот филм „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис, како и 13- минутната „Балада“ на Кристофер Нилсон од Франција. „Волкот и мачката“ на
Жан-Себастијан Бернар од Франција беше последниот краткометражен филм проектиран вечерва на „Преку езерото“.

Претходно, во претпладневните часови како дел од студентската програма во овогодинешното издание на „Преку езерото“ се одржа третиот пичинг на студенти на конкурсот за финансиска поддршка на дипломски филмови. Студентите кои се идни филмски автори ги презентираа своите сценарија пред
менторот Александа Русјаков.

На официјалното отворање на филмскиот фестивал „Преку езерото“ вчеравечер беше доделена единствената наградата „Мето Јовановски“ на македонскиот актер Владо Јовановски.

„Ова треба да се оправда и заслужи“, рече актерот Владо Јовановски при примањето на наградата „Мето Јовановски“