Хелсиншкиот комитет за човекови права ја започна видео кампањата „Дали знаеш?“.
Кампањата се состои од осум информативни и едукативни видеа кои се наменети за подигнување на свеста за Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (ЦЕДАВ) и презентираат податоци за родовата нееднаквост во земјата во различни области: семејно насилство, пазарот на труд, образование, политика итн.
Настанот го отвори Татјана Стоименовска, проектна координаторка, која нагласи дека ,,дискриминацијата врз жената е кршење на едни од основните човекови права, а тоа се начелaта на рамноправност и достоинство“. Таа ја истакна важноста на Конвенцијата и нејзините одредби и стандарди и направи споредба со нивната имплементација во нашата земја.
Без дискриминација – видео 1 од кампањата ,,Дали знаеш?''

Posted by Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia on Tuesday, 23 April 2019
Весна Ивановиќ – Кастаред, раководителка на програмската канцеларија на UN Women во Скопје во своето обраќање посочи дека:
„Презентирањето на овие видеа праќа силна порака до целата јавност. Темите во видеата се осврнуваат на проблеми од секојдневната реалност на жените во земјава. Според заклучоците од “Националното истражување за ниското учество на жените на пазарот на трудот“ кое програмската канцеларија на UN Women го направи во 2017, се наведува дека родовите стереотипи и перцепции се главните причини за ниското учество на жените на пазарот на трудот, што пак води кон дискриминација. Затоа, сите заедно треба да работиме на кршење на родовите стереотипи со што ќе се намали и дискриминацијата“.
Родов јаз во платите – видео 2 од кампањата ,,Дали знаеш?''
Видеата од оваа кампања се наменети за подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената, а се засновани на одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW).
Posted by Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia on Tuesday, 23 April 2019
Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска, нагласи дека најголем проблем во државата се недостатокот на сервиси за жртвите на семејно и родово – базирано насилство, бидејќи најчесто жените и децата се принудени да го напуштат домот наместо насилникот.
Дискриминација во вработувањето – видео 3 од кампањата ,,Дали знаеш?''
Видеата од оваа кампања се наменети за подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената, а се засновани на одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW).
Posted by Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia on Tuesday, 23 April 2019
,, Жените можат се, некогаш и многу повеќе од мажите’’, нагласи Пировска, иако за да дојдат до одредена позиција тие треба да имаат многу повисоко образование од мажите, а тоа се рефлектира и во ниското учество на жените во политичкиот живот.
Дискриминација во образованието – видео 4 од кампањата ,,Дали знаеш?''
Видеата од оваа кампања се наменети за подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената, а се засновани на одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW).
Posted by Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia on Tuesday, 23 April 2019
Семејно насилство – видео 5 од кампањата ,,Дали знаеш?''
Видеата од оваа кампања се наменети за подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената, а се засновани на одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW).
Posted by Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia on Tuesday, 23 April 2019
Здравствена заштита – видео 6 од кампањата ,,Дали знаеш?''
Видеата од оваа кампања се наменети за подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената, а се засновани на одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW).
Posted by Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia on Tuesday, 23 April 2019
Брак – видео 7 од кампањата ,,Дали знаеш?''
Видеата од оваа кампања се наменети за подигнување на јавната свест за превенција, заштита и намалување на дискриминација врз жената, а се засновани на одредбите на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW).
Posted by Helsinki Committee for Human Rights of the Republic of Macedonia on Tuesday, 23 April 2019
Жени во политиката – видео 8 од кампањата ,,Дали знаеш?''