Македонскиот маратонец Дарио Ивановски го освои 69. место на маратонот на Олимписките игри во Париз 2024. Тој ја заврши својата трка со време од 2 часа 28 минути и 15 секунди. Со ова тој стана првиот македонски олимпиец кој завршил една маратонска трка.
Во изјавата по завршувањето Ивановски сподели дека имал повреда на коленото и стапалото што ги почувствувал на шестиот километар од трката. Тој изјави дека се надева на уште подобри резултати во следниот период.
Маратонот го трчаа 81 натпреварувач. Првопласиран е Тамират Тола од Етиопија кој се закити со златниот медал и со нов олимписки рекорд со време 2 часа 6 минути и 26 секунди. Второпласиран со сребро беше Башир Абди од Белгија со време од 2:06:46, додека Бенсон Кипруот од Кенија го освои бронзениот медал со време од 2:07.00.