Дарко Костадиновски е избран за претседател на Уставниот суд

Дарко Костадиновски денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд, соопштија оттаму.

Костадиновски е доктор на правни науки. Пред да стане уставен судија, од 2001 до 2018 година работел во Кабинетот на претседателот на Македонија. Исто така, работел и како асистент на советникот за надворешна политика, раководител на одделението за ЕУ и НАТО и државен советник за надворешна политика.

Мандатот на претседателот на Уставен суд е три години, без право на реизбор.

Инаку, седницата за избор на претседател на Уставниот суд, започна на 30 мај и досега имаше десетина круга гласања. За нови уставни судија претходно беа предложени судиите Ана Павловска Данева, Татјана Васиќ- Бозаџиева и Осман Кадриу, но ниту еден од нив не ги доби потребните 6 гласа.

Последен претседател на Уставниот суд беше Добрила Кацарска чиј мандат заврши на 2 јуни.