Музичарот Давид Ангелевски, кој веќе има широко музичко досие со Пиколомини, издаде нов албум со проектот „Афионови полиња“.
Се работи за истоимен албум со 11 песни, комплетно со музика, текст и дизајн на омот на Ангелевски, снимен во студио ФК Градски Ѕид – Скопје во периодот од јуни 2021 до мај 2022 година. Новото парче е објавено под закрила на независната издавачка куќа Шарла (Sharla).
Албумот може да се преслуша и одредено време да се симне на платформата Бендкемп на Шарла.
Делото е придружено и со текст, каде Ангелевски дава свој личен авторски белег, тематски поделен со имињата на песните.