Организацијата People to People International Skopje – Macedonia на 9 мај во ГЕМ Клубот во 14:00 часот ќе одржи дебата на тема „Говорот на омраза во образовниот систем“.
„Понесете ги вашите искуства, лични примери и коментари и преку дебата да дојдеме до решенија за како да спречиме појава на говор на омраза“, се вели во најавата за настанот.
Говорнички на дебатата ќе бидат Надица Таневска Јанева – социолог и професорка во СУГС „Георги Димитров“, Зорица Стаменковска – координаторка на Национална кампања против говор на омраза, Нина Тунтева од Студентски пленум и Дијана Петреска – средношколка.
На настанот ќе биде поставена кутија за донации за погодените членови од оваа организација при земјотресот во Непал. Сите собрани средства ќе бидат донирани за купување основни намирници за преживување.