Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, Ризван Сулејмани, универзитетски професор и поранешен политичар, како и новинарот Љупчо Зиков ќе бидат панелисти на десеттата и последна јавна дебата на здружението Diversity media, на тема „Македонија и Албанците во регионот“.
Дебатата, која е дел од циклусот јавни дебати што здружението ги организираше во изминатиот период низ Македонија, ќе се одржи утре (30 септември) од 11 до 13 часот во „Чаршиска книжарница“ во Скопје.
„Диверзити медиа со овој настан ќе се обиде да ја поттикне интелектуалната, академската и експертската јавност активно да се вклучи во развојот на јавниот дијалог. Притоа, посебно обрнуваме внимание на активното учество на граѓаните во дебати на вакви актуелни теми“, се вели во најавата на настанот