Дебата на Радио МОФ: Кој ги рекетира студентите од штипскиот и битолскиот универзитет?

Спротивно на законот, студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се принудени да плаќаат по 150 до 210 денари за Студентски парламент. Без овие уплатници студентите не можат да се запишат во нов семестар на овие универзитети. Зошто студентите се принудени да уплатат пари на сметката на здруженијата (Студентските парламенти), ако се знае дека според Законот за здруженија на граѓани и фондации, членувањето или донирањето во некое здружение се врши на доброволна основа?

Дебата на Радио МОФ: Кој ги рекетира студентите од штипскиот и битолскиот универзитет?
Пред три години, долгогодишната пракса на принудување на студентите да станат членови на Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (СПУКМ) беше укината, и сега оваа обврска за студентите на УКИМ е факултативна. Зошто ова не важи и за останатите универзитети во државата?

Кој им прави рекет на студентите и дали тие се свесни дека не мора да плаќаат за оваа ставка, доколку не сакаат? Овие прашања, а и многу други кои ги засегаат трошоците на студентите ќе ги отвориме во живо на Радио МОФ на дебатата: „Студентите на Битолски и Штипски се виновни за рекетот кој го плаќаат“, во четврток во 12:00 часот.

Гости:

Бојан Матовски, претставник на Слободен Индекс
Мартин Алексоски, претставник на Младински образовен форум
поканети се и претставници на Студентските парламенти на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (се чека потврда за присуство).

Новинари: Кристина Озимец и Жарко Настоски