Цивил и Фондација Фридрих Еберт организираат дискусија на тема „Слобода на говор и медиуми во Македонија: Предизвици и решенија“ во среда, 15 октомври, во ГЕМ Клуб (Скопје, Стара Чаршија), со почеток во 11:30 часот.
Специјален гостин на овој настан е Кристијан Мир, Извршен директор на Репортери без граници – Германија, кој ќе ги презентира наодите и ставовите на оваа тема.
Организаторите ги покануваат новинарите, уредниците, претставниците на граѓанското општество, експертите и активистите за човекови права, како и останатите релевантни засегнати страни и институции, да земат учество во оваа модерирана дискусија.
Организаторите на настанот ќе подготват јавен извештај за наодите и заклучоците од дискусијата. Настанот ќе биде пренесуван во живо на следниот линк со почеток во 11:30 часот.