Во среда (26 февруари) во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи дебата на тема „Слобода на медиумите: Споредба на правната практика во Франција и Македонија“.
Како главни теми на дебата ќе бидат меѓународните стандарди за слободата на изразување и медиумскиот плурализам, ќе се зборува за работата на новинарите во Франција и Македонија, како и за развојот и перспектива на слободата на медиумите во дигиталната ера во двете држави.
Дебатата е организирана од Меѓународниот институтот за човекови права и мир од Каен и Амбасадата на Република Франција во Скопје заедно со Фондацијата Метаморфозис.
Почетокот на настанот е закажан во 11 часот, а ќе трае до 14 часот.