Дебата, базар и музика се најавени за 12-тиот ден од поставувањето на „Кампот слобода“, пред Влада.
„Колку малку е премногу? Каква даночна политика генерира повеќе правда?”е насловена дебатата, која во организација на ЏЕФ Македонија ќе се одржи од 18:00 до 19:30 часот. Како говорници се најавени Ванчо Узунов, економски експерт, Бојан Богевски, ко-основач на либертаријанскиот клуб Атлас, Јасмина Голубовска, активистка на платформата „Ајде!” и Бранимир Јовановиќ, економски истражувач.
Во кампот продолжува хуманитарниот базар, а вечерва музика на камперите ќе им пушта Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник на Град Скопје.
21:00 – 22:00 ДЏ Буѓо