„Какви можности нуди дигитализацијата на образованието и до каде е стигната дигиталната трансфoрмација на образовниот систем во земјава? Какви електронски алатки и услуги се користат во средно, а какви во високото образование? Дали наставниците, учениците, но и родителите воопшто се подготвени за дигитална трансформација на образованието? Има ли државата стратегија и кои се најголемите предизвици со кои се соочува системот кога во прашање е дигитализирање на образовните услуги и програми?“.
Ова се дел од прашањата на кои ќе се зборува на дебатата за млади „Дигитализација во образованието“ што на 16 март (четврток) ќе се одржи во Јавна соба во Скопје, со почеток од 18 часот. Говорници на настанот ќе бидат средношколци, студенти, претставници на образовните и на државните институции.
Настанот е од отворен тип, а сите заинтересирани треба да го пополнат формуларот за регистрација достапен на следниов ЛИНК.
Настанот е организиран од Фондација Метаморфозис во синергија со проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA” кој е кофинансиран од Европската Унија, и проектот „Веродостојни вести за оспособена младина“ финансиран од Британската амбасада во Скопје.