Теодора Столевска и Милка Геровска се дебатерките кои ќе го претставуваат МОФ и Македонија на овогодинешното Светско дебатно првенство за студенти во Грција.
Турнирот започна вчера – 27 декември а ќе трае до 04 јануари, во Универзитетот Македонија во Солун каде 400 тимови ќе ги спротистават нивните дебатни вештини.
Преку 9 прелиминарни рунди полуфинална и финална рунда ќе биде избран овогодинешниот светски првак во дебата.
На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории:
Open category– во која се натпреваруваат сите на кои англискиот јазик им е мајчин јазик,
English as second language (ESL) категорија – во која се натпреваруваат сите дебатери на кои англискиот им е втор јазик и
English as foreign language (EFL ) категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик
Дополнително, тимот на Радио МОФ составен од Димитар Вандовски, Марко Ѓорѓиев и Анте Гулин ги пренесуваат дебатите во живо преку каналот на Радио МОФ.
Испраќањето на тим на Светското дебатно првенство придонесува за подобрување и креирање на препознатливост во меѓународната дебатна заедница на македонскокото дебатно друштво, соопштуваат од МОФ.