Теодора Столевска и Милка Геровска се дебатерките кои ќе го претставуваат Младинскиот образовен форум – МОФ и Македонија во финалето на овогодинешното Светско дебатно првенство за студенти во Грција.
Тие се првите дебатерки од Македонија кои се пласираа во финалето на дебатното првенство во 2016 година. Столевска и Геровска го поминаа полуфиналето дебатирајќи на тезата „Motion: THBT the IMF and World Bank should pay reparations to countries adversely affected by structural adjustment policies“ како тимот Closing Government.
Турнирот започна на 27 декември, а ќе трае до 4 јануари, во Универзитетот Македонија во Солун каде 400 тимови ќе ги спротистават нивните дебатни вештини.
Преку 9 прелиминарни рунди полуфинална и финална рунда ќе биде избран овогодинешниот светски првак во дебата. На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории:
Open category– во која се натпреваруваат сите на кои англискиот јазик им е мајчин јазик,
English as second language (ESL) категорија – во која се натпреваруваат сите дебатери на кои англискиот им е втор јазик и
English as foreign language (EFL ) категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик
Дополнително, тимот на Радио МОФ составен од Димитар Вандовски, Марко Ѓорѓиев и Анте Гулин ги пренесуваат дебатите во живо преку каналот на Радио МОФ.