Советот на Општина Бутел вчера, на предлог на градоначалникот Дарко Костовски ја изгласа одлуката со која се ослободуваат родителите и старателите на децата со попреченост кои имаат наод и мислење од стручна установа или специјалист од плаќање партиципација за градинка.
„Соочувајќи се со енормните поскапувања, зголемени сметки и зголемени трошоци за живот, Општина Бутел носи нова мерка со која директно финансиски се помагаат родителите“, стои во објавата на општината.
Од локалната самоуправа велат дека ова е уште една од низата мерки со која директно се помага на родителите, а со редица проекти ги ублажуваат ефектите од финансиската криза во земјава.