„Затоа што 10 години го полниме креативниот простор“ – под овој слоган школата за дизајн и уметност „Скала“ ја најавува завршната изложба насловена „Децениум“ на своите студенти од Академиите за графички дизајн, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн, визуелни уметности и веб дизајн.
Изложбата опремена со повеќе од 500 дела од вкупно 70 студенти ќе биде отворена на 14 октомври (петок) во центарот за дизајн и иновации „Јавна Соба“.
„Затоа што 10 години го полниме креативниот простор, поставуваме нови стандарди во образованието и ја
поддржуваме креативната заедница“. Ова е навистина посебен ден за нас кој ни носи спомени и резултати од една прекрасна дванаесет месечна дружба со студентите и менторите, но и радост и возбуда за новите почетоци на генерацијата 2022/2023 чија настава ќе започне на 17 октомври“, велат од „Скала“
Изложбата се реализира во поддршка на Министерство за култура на Република Северна Македонија и Скала магазин.