Deep Dish ексклузивно на Егзит денс арена

По шест години пауза, Deep Dish повторно ги обединуваат силите, а една од станиците на најавената турнеја е Денс арената во Нови Сад, Србија на фестивалот Егзит.  Ова хаус дуо на последниот ден од Егзит носи низа еминентни музички имиња, како што се Beter lost than stupid- Davide Squillace vs Martin Buttrich vs Mathias Tanzmann, Jaymo& Andy George и Waze & Oddisey.

Егзит

Денс Арената ги најави специјалните „бек ту бек“ настапи, организирани по повод 15-тиот Егзит.  По „Wild Life“ вечерта на составот Disclosure, која ќе ја окупира Арената во четврток, журката на вториот ден од фестивалот ќе ја продолжи Carl Cox vs Friends, а вечерта пото најавен е Afrojack, за во недела „бек ту бек“ настапите да ги предводи диџеј тандемот Deep Dish.

Deep Dish ака Sharam и Dubfire, по шест години пауза, го најавија продолжението на својата соработка со новиот сингл „Quincy“, како и Deep Dish Reunion журката во Мајами, која претставуваше најисчекуван настап на славната конференција на електронска музика, Winter Music Conference. Иранско-американското дуо, од моментот кога се запознаа во почетокот на деведесеттите, веднаш ја освоија хаус сцената. Еден од најголемите успеси во музичката индустрија – Греми наградата ја добија за ремиксот на синглот “Thank You” (Dido).

Тројката Beter lost than stupid или  Squillace-Buttrich-Tanzmann се најсвежиот колектив на „тешкаши“ од редовите на хаус и техно диџеите, кој настапува во специјален и нестандарден „бек ту бек ту бек“ состав од 2010 година. Како посебни изведувачи, овие музичари ги поминаа микс-пултовите на најголемите светски клубови и фестивали, додека настапите како Better Lost Than Stupid се ретки, ексклузивни и го редефинираат поимот диџеј сет, особено поради кокетирањето со „лајв“ настапот.

Од своето запознавање во 2008. Jaymo и Andy George не само што ја покренаа една од најатрактивните британски музички етикети, издавачката куќа „Moda“, туку веќе организираа и журки ширум целата планета, настапија во живо на „Би-би-си Радио 1“, ја лансираа етикетата „Moda Black“, продуцираа кавер ЦД за „Миксмаг“ и обезбедија две најважни резидентури на светот: We Love… Space на Ибица и лондонскиот Fabric. Покрај објавувањето на проверени артисти како што се Maxxi Soundsystem и Eats Everything, Jaymo и Andy George открија и поворка од нови млади исклучителни таленти како Hot Since 82, Mia Dora и Disclosure.

Откако се зближија јадејќи хамбургери на крајот од 2011 година, Waze и Oddysey за само 12 месеци го поминаа патот од анонимен „Саундклауд“ профил до највозбудливи електронски изведувачи. На тој пат објавија повеќе одлично критички прифатени синглови, направија ремикси за изведувачи како што се Disclosure и T.E.E.D., настапија на сите континенти и станаа регуларни гости во емисиите на Pete Tong, Annie Mac и Skream.