„Час бега, па час ме стега. На кого му треба дополнителна музичка нега? Три, две точки, четиринаесет во круг. Сè врти, само јас сум друг. Напрегни уши, рибата е суши. Ова е камен изделкан од вонземјански души. Слушај го со слушалки на уши. Може преку блутут, а може и со кабли да те гуши“, со овие зборови Панде Ефтимов, басистот во инструменталното психоделично трио „The local bluе“ го најавува својот прв самостоен музички сингл „Deepdive“.
Во музичкото видео се претставени компресирани материјали од францускиот филм „Fantastic Planet“ на Дик Елиот и Рич Херисон од 1973. Анимираниот филм е со дистопсика и надреалистична содржина што се вклопува со инструменталниот музички микс од Ефтимов.