Автономно беспилотно летало помогнало да се спаси животот на маж кој доживеал срцев удар во Шведска, јавува „Евроњуз“.
Седумдесет и едногодишен старец чистел снег во градот Тролхатан утрото на 9 декември минатата година кога се случил инцидентот. За среќа, инцидентот го забележал еден доктор.
„Патував за на работа во локалната болница кога погледнав низ прозорецот на автомобилот и видов човек кој имаше колабирано“, вели Мустафа Али.
„Веднаш сфатив дека нешто не е во ред и побрзав да помогнам. Човекот немаше пулс, па почнав да правам ЦПР додека барав друг случаен минувач да се јави на 112. Само неколку минути подоцна, видов како нешто лета над мојата глава. Тоа беше дрон со дефибрилатор“, објаснува Али.
Доктор Али така беше во можност да направи спасувачки третман на човекот кој оттогаш веќе целосно закрепнал.
Времето од кога се случи инцидентот до безбедното доставување на дефибрилаторот беше нешто повеќе од три минути. Во случаи на срцев удар, времето е од суштинско значење со секоја измината минута намалувајќи ја шансата за преживување.