#Дехејтизација

Секое здраво и демократско општество се темели на толеранција, одговорност, правичност, објективни медиуми, но и на критички свесни граѓани кои знаат да препознаат говор на омраза и пропаганда.

Тоа е и појдовната точка за новата кампања на Радио МОФ.

Под хаштагот #Дехејтизација низ наредниот период ќе објавуваме текстови и теми кои ќе поттикнуваат медиумска писменост, со цел задржување на принципите и стандардите при информирање на граѓаните за сите проблеми од јавен интерес. Истовремено, да се задржи здрав разум и напредна мисла, наспроти демонизирање и ширење омраза кон неистомисленици.

Повеќе новинари, комуниколози, медиумски работници, активисти и разни експерти ќе анализираат форми на говор на омраза или неетичко известување по медиумите и социјалните мрежи. Во духот на медиумската култура и демократското живеење, во фокус ќе бидат и сите оние ликови кои даваат ветер во грб за развojот на плурализамот на ставови низ јавната сфера.

Дополнително, акцент ќе ставиме и на промоцијата на човекови права и вредности, низ призма на (не)слободни медиуми и дискриминаторски практики.

#Дехејтизација значи и препознавање и деконструкција на пропагандната машинерија. Пропагандата често пробува политичкото дејствување да го прикаже како нешто што не им припаѓа на граѓаните, туку единствено на „центри на моќ и партии“. Но, сите расположливи инструменти за заговори, спинување и дефокусирање на јавноста паѓаат во вода пред едуцирани и активни граѓани. Со ангажиран граѓански сектор и ослободени медиуми, помала е можноста за „провев“ на пропаганда.

ССНМ: Поразувачки резултaти за медиумите поради атмосфера на страв, закани и нивно прогласување за државни непријатели

Новинари сведочат за упадот во Собранието и насилството врз пратениците и медиумите

[Видео] Медиумски писмената публика умее да открие и разбере скриени пораки

[Видео] Дискусија: „Кој е излезот од пропагандната реалност?“

Медиумска писменост – алатката што недостасува за активно граѓанство

[Аудио] Шеста епизода од „Мегафон“ посветена на говор на омраза и пропаганда

Младите треба да бидат медиумски писмени

Божена Јелушиќ: Средношколците во Црна Гора учат медиумска писменост за да не бидат манипулирани

Конференција: Училиштата претворени во установи за дискриминација

[Став] Потребна е дистинкција помеѓу слобода на говор и говор на омраза

Три општини заедно со невладините во борба против дискриминацијата врз ЛГБТ лицата

„Оспорено од проверувачи на факти“ – Фејсбук почна да се справува со лажните вести

Навредите – спорт број 1 во Македонија

[Став] Пасивноста на општеството и „малите Ајхмани“

Креаторот на глобалната мрежа, сер Тим Бернерс-Ли, повикува на остри мерки против лажните вести

Баневски од 24Вести: Добив удар со знаме во глава, постојано на протестот не нарекуваат „предавници“

Читателите на норвешки сајт мора да поминат квиз пред да коментираат

Лавина реакции и осуди за говор на омраза по нападот на новинарите од А1он

Нова алатка на Гугл „ја мери“ омразата во коментарите на интернет

[Став] Мислевте дека се многу оригинални со „десоросoизацијата“?

[Видео] Да ти нацртам: Тролови и други интернет ѕверки

Совети против тролови и онлајн малтретирање

Со омраза против критиката – македонска онлајн пресметка без санкции

[Став] Неколку размисли околу говорот на омраза

ЛГБТ младите во Македонија – обесправени тивки жртви на физичка и психичка тортура

„Навивај без омраза“ – кампања за стопирање на насилството на спортските натпревари

Презентирано истражување за медиумска писменост кај возрасната популација

Конференција: Да верувате во етика во неслободни земји, е исто како да верувате дека од песок ќе изградите облакодер

[Став] За вистината, „алтернативните факти“  и јазикот кој е секогаш склон на промени

Померанцев: Новинарите со факти да го заземат просторот во кој оперираат демагозите и популистите

Весна Радојевиќ, уредничка на српскиот „Вистиномер“: Не нарекуваат „хејтери“ и „странски платеници“

[Колумна] Власта за своите неуспеси ги обвинува младите и активистите

[Анализа] Како функционира пропагандата во Македонија (2)

[Анализа] Како функционира пропагандата во Македонија

Велешката „фабрика“ за вести во која се заработуваат американски плати преку пропаганда за Трамп

[Став] Сите медиуми во Македонија во битка за повеќе публика на интернет

Преку клиентелизмот медиумите станаа „бара со крокодили“

Македонските новинари – напаѓани како „дежурни предавници“, без соодветна институционална заштита

Со медиумска „неписменост“ не може до активно граѓанство

СЕММ: Се повеќе жалби, текстовите во медиумите немаат втора страна и присутен е говор на омраза

[Галерија] Младите против говор на омраза