Првата секција од Sammiana, уметничкото име на Македонската бесконечна планинарска трансверзала се појави на светската „Open Street Map“. Се работи за секцијата I3 – 134.3 km или планинарската патека од Демир Капија до Смолари.
„Тоа значи дека од моментов стотици апликации ширум светот автоматски ја имаат на својата мапа оваа секција како пешачко-планинарска патека, со свое име и препознатлива ознака. Секцијата I3 е прва долга планинарска патека на територијата на Македонија која може да се најде на Open Street Map и воопшто една од многу ретките планинарски патеки во Македонија кои може да се видат на мапата“, велат од тимот кој работи на трасирање, маркирање и запишување на трансверзалата.
Инаку, Sammiana може да се нарече и прва ваква трансверзала на Балканот, со оглед на тоа што на полуостровот нема трансверзала долга барем 1000 километри која е целосно завршена и маркирана. Повеќе за тоа прочитајте во текстот во продолжение.