Членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ информираа дека на 9 февруари ќе стапат во штрајк поради ниските плати.
Во нивното соопштение до јавноста велат дека ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.
„Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во Р.С. Македонија, односно малку над минималната плата“, се наведува во дописот.
Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата. Во штрајкот не учествуваат академиците на МАНУ, како ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.