Во изложбениот простор на Остен од 25 декември 2020 до 25 јануари 2021 ќе биде претставена „Изложба III“ по повод 75-години Остен: Слики и Цртежи од колекцијата на „Остен музејот на цртеж“
На изложбата ќе бидат прикажани дела од уметниците: Невзат Бејтули Кица | Христо Јавашев Кристо | Мицко Мице Јанкуловски | Оскар Кокошка | Пабло Пикасо| Анри де Тулуз-Лотрек | Херменсон ван Рејн Рембрант | Виктор Вазарели | Владимир Величковиќ
Ова е последната изложба со која Остен оваа година ја одбележува 75-годишнината од своето постоење.