Во делови од дождовната шума на Амазон сега се ослободуваат повеќе јаглерод диоксид отколку што се апсорбираат, нарушувајќи го балансот, што сигнализира влошување на климатската криза, покажува ново истражување.
Откритијата од скоро деценискиот истражувачки проект, објавен во списанието „Природа“, сугерираат дека уништувањето на шумите и пожарот, покрај другите фактори, драматично ја намалиле способноста на Амазон да апсорбира емисии на јаглерод од атмосферата, пренесува NPR.
Истражувачите кои ја тестирале атмосферата во четири области во Амазонија двапати месечно во период од девет години откриле дека не само што се поголеми емисиите на јаглерод во источните области на дождовната шума отколку во западните области, туку и дека југоисточната област испушта повеќе јаглерод диоксид во атмосферата отколку што апсорбира. Источниот дел на Амазон е жариште на уништување на шумите за да се олесни сечата и земјоделството, вклучително и сточарството.
Покрај уништувањето на шумите и пожарите, студијата вели дека зголемувањето на емисиите од Амазон е забрзано со покачувањето на температурите и „стресот на влага“ за време на сувата сезона. Источните области имаат помалку влага од запад за време на веќе тешките суви периоди, кои сега станаа посуви и траат подолго поради климатските промени.
Со генерации, Амазонија која се протега на повеќе од 6 милиони квадратни метри, природно апсорбираше високо ниво на јаглерод диоксид од воздухот и играше важна улога во одржување на стабилна животна средина на глобално ниво.
Горењето на дождовната шума за да се ослободи место за земјоделски култури или добиток може да претставува опасност за климата, дури и неколку децении по настанувањето на пожарите.
Истражувањата покажуваат дека областите што биле изгорени уште пред 30 години, како и придружните дрвја во распаѓање, сè уште биле значителни извори на јаглерод диоксид. Пожарите во минатото и другите фактори, како сечата, исто така, можат да ги деградираат околните области кои претходно не биле допрени и да ги направат овие области поподложни на горење, според студијата.
Она што се случува сега е домино-ефект на уништувањето, за кој научниците велат дека треба да се ограничи – порано отколку подоцна.
„Амазон е извор на јаглерод. Без сомнение”, вели Лусијана Гати, истражувач во бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања, која ја водеше студијата.
„Досега можеме да кажеме дека Амазон ослободува 0,3 милијарди тони јаглерод годишно во атмосферата. Тоа е ужасна порака“, додава таа.
Гати вели дека ако не беа емисиите од вештачки пожари, југоисточниот дел на Амазон ќе апсорбираше повеќе СО2 отколку што испушта. Регионот сега прави пресврт, рече Гати. Но, кога се соочи со прашањето дали овие погубни ефекти може да се повратат ако започнеме сега, таа одговора: „Не знам“.
Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, со години беше критикуван за неговата еколошка политика и уништувањето на шумите на Амазон. Но, во 2019 година тој ги опиша загрижувачките податоци за уништување на шумите како „лаги“.
„Мора да разберете дека Амазон е на Бразил, а не ваш“, рече Болсонаро, пренесува Гардијан.
„Ако сето ова уништување што не обвинувате дека го правиме беше направено во минатото, Амазон ќе престанеше да постои, тоа ќе беше голема пустина“.
Годинава, уништувањето на шумите во регионот бил најголем во последните 12 години.