Делувајте на било кој начин за да се подобрат работите околу вас, им порачаа активисти на младите на „Engage youth“

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Дворчето на Младинскиот образовен форум (МОФ) вчера го исполнија седумдесетина млади луѓе кои и покрај жешкото време се собраа да слушнат идеи на неколку креативци за социјален активизам и што тој значи за општеството. Вториот „ENGAGE Youth“ вчера попладне беше сцена за шестмина говорници од пет младински и активистички организации и иницијативи кои зборуваа за донирање велосипеди, ментално здравје, олеснување на пристапот за лица со попреченост, младите и заштитата на дивиот свет и како да ги зачуваме јавните простори.   

    Прв кој се обрати пред присутните беше Кристијан Лазарев од здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“. Лазарев се заблагодари што му беше дадена можност да го отвори формалниот дел на настанот нагласувајќи дека лицата со попреченост ретко може да се први во нешто.

    „Како изгледа еден ден на млад човек без попреченост? Си станувате, си одите во школо, во кафичи, во дискотеки навечер, на различни секции и активности, а дел од вас имаат почнато и да работат, отвараат сметки во банки, работат на интернет и функционираат без проблем. За лицата со попреченост овие работи не секогаш се лесно достапни, возможни, а причина за тоа е немањето пристапност. Еден од големите проблеми на лицата со попреченост е образовниот систем, постои огромна непристапност до целиот образовен систем. Дел од вас сигурно учат со лица со попреченост и свесни сте дека материјалите кои ги имате на школо, а некогаш и ги немате, не се пристапни за децата со попреченост, имаат специјална технологија, компјутери во училниците и сл. што го прави образовниот систем непристапен па дури и од физички карактер, нема рампи нема лифтови“, рече Лазарев.

    Кристијан Лазарев

    Тој ги повика младите во иднина кога ќе размислуваат за своите животни професии и кога ќе почнат со работа да мислат и на лицата со попреченост и на тоа како може да придонесат за подобрување на општеството за сите негови чинители.

    „Очекувам да не бидете пасивни набљудувачи како сегашните вработени во ваквите институции, компании и организации. Не многу од нив сакаат нивниот бизнис да допре до сите, гледаат да освојат со мал напор брзи пари. Вие бидете поразлични од нив, гледајте пошироко затоа што има на светов луѓе кои не по нивна вина стигнале во таква состојба, некои се родиле такви и тие исто како вас заслужуваат убав живот. Многу важна работа што секој млад човек може да ја направи кога ќе стане иден програмер за 5-10 години или доктор, е да обрнува внимание на пристапноста, затоа што сегашните програмери тоа не го прават и затоа имаме непристапни веб-страници на банки, на дигитални е-продавници, непристапни апликации на институциите и слично“, порача Лазарев.

    Зоран Јаневски од иницијативата „Донирај велосипед“ рече дека за акцијата се инспирирал од другите хуманитарни активности низ државата кои на различни начини им помагаат на оние на кои им е потребна помош. Нивната првична идеја била на сите граѓани од Велес и околината кои немаат доволно финансии да си обезбедат велосипед, да им подарат.

    Зоран Јаневски

    „Во Велес веќе неколку месеци правиме бесплатен сервис на велосипеди на отворено и мислам дека таа акција е доста упсешна. Најпрво ги собираме старите велосипеди кои луѓето не ги користат и расипаните делови ги заменуваме со нови. Секогаш гледаме велосипедите 90% да бидат функционални за потоа преку јавни повици или преку познаници да ги донираме на некој на кого му е потребен а нема финансиски средства да си го овозможи“, рече Јаневски и ги повика младите од останатите делови од Македонија да се приклучат на ова акција.

     Филип Ивковски од „Младите можат“ зборуваше за потребата од системска поддршка за предизвиците со менталносто здравје со кои се соочуваат младите. Тој својот говор го започна со интерактивна вежба при што покани секој четврти од публиката да стане. Со ова се обиде да ја илустрира светската статистика дека секое четврто лице во некој период од животот има предизвици со менталното здравје.

    „Не секој ја има можноста да разговара на оваа тема дома. Но, најверојатно второто место каде што поминувате најмногу време е училиште. Затоа рековме ајде да видиме што недостасува во училиштето за да може да кажеме дека е средина која се грижи за менталното здравје. Веќе знаете дека најчесто во секое училиште има по еден психолог кој би требало да се грижи за сите ученици во училиштето, што навстинина некои училишта се по бројки од 100, 1000 млади и е факт дека нема да може тоа да се случи, односно нема да може да допре до сите млади. Затоа почнавме да ги обучуваме класните раководители, не толку да бидат психолози, туку чисто како да работат со вас, да отвараат теми, да прават вежби, работилници за како вие да се грижите за вашето ментално здравје. Тоа значи дека следниот пат кога ќе правите тест, класниот раководител може да направи една обична вежба за ослободување од стрес или да си го регулирате дишењето. Ајде да видиме како со една вежба што ќе одземе пет минути, тој тест после да не претставува стресна ситуација“, рече Ивковски.

    Оваа програма ја тераат веќе две години, а се надеваат дека Министерството за образование ќе прифати таа да влезе во формалното образование. Целта на „Младите можат“ како што рече Ивковски е соодветните услуги за третирање на менталното здравје освен територијално, да станат подостапни и системски.

    „Знаеме дека можеби моментално советување и психотерапија се од 1.500 до 3.000 денари, што за млад човек не е баш соодветно достапна цена. Затоа заложба ни е психолозите да бидат матични, како што има матичен лекар да има и матичен психолог каде што ќе може да биде достапна грижата за менталното здравје, затоа што веруваме дека некако го занемаруваме тој дел кој е важен и врз физичко и врз социјалното здравје“, поентираше Ивковски.

     

    View this post on Instagram

     

    A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

    Арта Старова од Македонското еколошко друштво на сцената настапи покажувајќи ѝ на публиката примка, предмет кој се користи за заловување на диви животни. Како што објасни таа во нејзиниот говор на тема „Борбата на младите против криминал врз дивиот свет“, употребата на ваквиот предмет е кривично дело кое предизвикува огромен стрес, мачење, тешки повреди и смрт на животното. Притоа, Старова се осврна и на другите кривични дела кои предизвикуваат директна смрт, како што е застрелот, труењето и трговијата на диви животни.

    „Јас, поточно, работам на проект за против труење на диви животни и соработувам со национални институции за зајакнување на нивните капацитети за борбата против труење. Труењето обично се случува од страна на сточарите кои во обид да ја заштитат нивната стока од волк или мечка доколку имаат штета поставуваат отровни мамки, на пример парче храна попрашено со некоја отровна супстанца, обично пестицид“, сподели активистката.

    Според Старова, она што е опасно во овие отровни мамки е тоа што се работи за неселективен метод, односно една отровна мамка може да предизвика огромен број на смртност затоа што животните што ќе се отрујат самите стануваат отровни мамки и трујат понатаму, по автоматизам. Таа истакна дека овие кривични дела против дивиот свет имаат различни мотиви, методи и последици и дека не може да се споредува случај на труење од страна на определен сточар Миле кој имал штета од волк и купил отровна мамка, со организираниот криминал што се случува со незаконската трговија. Затоа, потенцираше Старова, ваквите кривични дела треба да се третираат на различен начин.

    Арта Старова

    „Пријавувањето е најважно, затоа ги убедуваме сите локалци да пријавуваат. Голем дел зошто нема развој е затоа што нема податоци. Луѓето не пријавуваат кога има труење, дали затоа што не веруваат дека институциите ќе направат нешто или пак можеби и самите се инволвирани. Доколку никој не излегува на терен, можете да ги контактирате невладините, што најчесто се случува. Луѓето нѐ контактираат нас, а понатаму ние ги контактираме луѓето со кои соработуваме и имаме изграден однос“, поентираше таа.

    Наде Банишка од движењето „Сите за МКЦ“ рече дека идејата за иницијативата ја добиле поради промените кои неочекувано му се случиле на МКЦ. Кратењето на буџетот и именувањето на новиот директор биле само дел од причините да се разгори борбата и желбата за правда на овие млади луѓе.

    „Првото нешто што се случи беше концертен протест пред МКЦ односно на платото пред МКЦ каде што многу млади беа дојдени да свират и со тоа да го изразат ствојот револт, тој ден почнавме и петиција и физички и онлајн и ја доставивме до Град Скопје а направивме и герила акција за време на седницата на Град Скопје каде што градоначалничката Данела Арсовска, која го водеше овој процес на промени на МКЦ на тврдеше дека сè она што е во јавноста и она шо ние го знаеме како информација е неточно. Тогаш се соочивме со многу стрес и притисок од јавноста и сите се свртеа против нас, ние сакавме да направиме промена, но не знаевме кои се нашите можности и тука веќе се повлековме“, изјави Наде Ванишка и додаде дека нивното повлекување било кратко поради тоа што сега повторно има промени со МКЦ.

    Наде Банишка и Марија Арсенкова

    „Пред неколку месеци имаше конкурс за директор на МКЦ и на тој конкурс се избра Бени Шаќири. Конкурсот беше легален но изборот на директорот не беше. Тоа беше пресудниот момент кога решивме дека треба нешто да правиме. Се одлучивме да тераме континуитет и почнавме да правиме настани пред, околу и зад МКЦ односно оној простор кој ни е важно да живее бидејќи тој простор е јавен и немаше начин како некој да не избрка од тој простор. Сега чекаме да видиме што ќе значи оваа промена односно дали промената на директорот ќе значи и промена на МКЦ односно дали ќе се смени културната програма и дали алтернативниот простор за младите ќе исчезне“, додаде Наде.

    Марија Арсенкова пак, за МКЦ рече дека тоа е јавен простор кој треба да им е достапен на сите млади кои сакаат да сретнат и запознаат некој поразличен од нив но и да видат и чујат нешто ново. 

    „На сите ни се потребни места каде што ќе се опуштиме и ќе запознаеме нови луѓе. Одиме во МКЦ да видиме нешто ново. Да слушнеме нов бенд, да видиме нова изложба, да се сретнеме со некој и сл. Јавните простори треба да се одржуваат за да не се изгуби нивното значење. Ние како млади можеме да им дадеме ново значење, но никако не смееме да ги уништиме. МКЦ е јавна институција и е едно од местата кое си ја вршеше својата функција и никој немаше проблем со тоа. На многу млади тоа им беше втор дом“, рече Марија Арсенкова.

    Ангела Бошкоска, Ангела Петкова и Симона Паскоска 

    Фото: Радио МОФ и МОФ

  • Veproni në çdo mënyrë për të përmirësuar gjërat rreth jush, i porositën të rinjtë aktivistët e “Engage youth”

    Oborrin e Forumit Rinor Arsimor (MOF) mbrëmë e mbushën shtatëdhjetë të rinj të cilët edhe përkrah kohës së nxehtë u mblodhën të dëgjojnë ide të disa krijuesve për aktivizëm social dhe çfarë do të thotë për shoqërinë. Edicioni i dytë i „ENGAGE Youth“ mbrëmë pasdite ishte skendë për gjashtë folës nga pesë organizata rinore dhe për aktivizëm dhe iniciativa të cilët folin për dhurimin e biçikletave, shëndetit mental, lehtësim të qasjes për persona me pengesa, të rinjtë dhe mbrojtja e botës së egër dhe si t’i ruajmë hapësirat publike.

    I pari që iu drejtua të pranishmëve ishte Kristijan Llazarev nga shoqata për teknologji asistuese “Hapini dritaret”. Llazarev u falënderua që i është dhënë mundësia të hap pjesën formale të ngjarjes se personat me nevoja të veçanta rrallë mund të jenë të parët në diçka.

    “Si duket një ditë i një të riu pa pengesa? Zgjoheni, shkoni shkollë, në kafene, në diskoteka në mbrëmje, në seksione të ndryshme dhe aktivitete, ndërsa një pjesë e juaja kanë filluar edhe të punojnë, hapin llogari në banka, punojnë në internet dhe funksionojnë pa problem. Për personat me pengesa këto çështje jo çdoherë janë lehtësisht të qasshme, të mundura, ndërsa arsye për atë është mospasja e qasjes. Një nga problemet e mëdha të personave me pengesa është sistemi arsimor, ekziston mosqasje shumë e madhe në gjithë sistemin arsimor. Një pjesë prej jush me siguri mësojnë me personat me pehesa dhe jeni të vetëdijshme se materialet që i keni në shkollë, ndërsa ndonjëherë edhe nuk i keni, nuk janë të qasshme për personat me nevoja të veçanta, kanë teknologji speciale, kompjuterë në klasa dhe ngjashëm që e bën sistemin arsimor të paqasshëm madje edhe në karatkerin fizik, nuk ka rampa, nuk ka ashensorë”, tha Llazarev.

    Ai iu bëri thirrje të rinjve që në të ardhmen kur të mendojnë për profesionet e tyre jetësore dhe kur të fillojnë me punë të mendojnë edhe për personat me nevoja të veçanta edhe në atë se si mund të kontribuojnë për përmirësimin e shoqërisë për gjithë aktorët e saj.

    “Presim të mos jeni mbikëqyrës pasiv si të punësuarit aktual në këto institucione, kompani dhe organizata. Jo shumë prej tyre duan që biznesi i tyre të jetë i qasshëm për të gjithë, shohin të arrijnë me pak përpjekje shumë para. Ju të jeni më të ndryshëm prej tyre, shihni më gjerë sepse në botë ka njerëz të cilët jo me fajin e tyre kanë mbetur në situatë të tillë, disa kanë lindur ashtu dhe ato sikurse edhe ju meritojnë jetë të mirë. Punë shumë e rëndësishme që çdo i ri mund ta bëjë kur të bëhet programer i ardhshëm për 5-10 vite apo mjek, është që të i kushtojë vëmendjes qasshmërisë, sepse programerët aktual atë nuk e bëjnë dhe për këtë kemi ueb faqe të paqasshme të bankave, të e-dyqaneve digjitale, aplikacione të paqasshme të institucioneve dhe ngjashëm”, porositi Llazarev.

    Zoran Janevski nga iniciativa “Dhuro biçiklet” tha se për aksionin janë frymëzuar nga aktivitet e tjera humanitare në shtet të cilët në mënyra të ndryshme u ndihmojnë atyre të cilëve u nevojitet ndihmë. Ideja e tyre fillestare ka qenë që të gjithë qytetarëve nga Velesi dhe rrethina të cilët nuk kanë finansa të mjaftueshme që të sigurojnë biçikletë, t’u dhurojnë.

    “Në Veles tashmë disa muaj bëjmë servise falas të biçikleta dhe mendoj se ai aksion është mjaft i suksesshëm. Fillimisht i mbledhim biçikletat e vjetra të cilat njerëzit nuk i shfrytëzojnë dhe pjesët e prishura i zëvendësojmë me të reja. Gjithmonë shohim që biçikletat të jenë 90% funksionale që më pas përmes thirrjeve publike ose përmes njerëzve që i njohim t’ia dhurojmë dikujt që ka nevojë dhe nuk ka mjete financiare t’ia lejojë vetes”, tha Janevski dhe i bëri thirrje të rinjve nga pjesa tjetër nga Maqedonia të kyçen në këtë aksion.

    Filip Ivkovski nga “Të rinjtë munden” foli për nevojën e mbështetjes sistematike për sfidat me shëndetin mental me të cilat përballen të rinjtë. Ai fjalimin e tij e filloi me ushtrim interaktiv me çka thirri çdo të katërtin nga publika të ngrihet në këmbë. Me këtë tentoi ta ilustrojë statistikë botërore se çdo i katërti fëmijë në ndonjë periudhë të jetës ka sfida me shëndetin mental.

    “Jo çdokush e ka mundësinë që të flasë në këtë temë në shtëpi. Por, me siguri vendi i dytë ku kaloni më së shumti kohë është shkolla. Për këtë, thamë le të shohim çfarë mungon në shkollë që të mund të themi se është mjedis që kujdeset për shëndetin mental. Veç më e dini se më së shpeshti në çdo shkollë ka nga një psikolog, i cili do të duhej të kujdeset për të gjithë nxënësit në shkollë, që me të vërtetë disa shkolla janë me nga 100, 1000 të rinjë dhe është fakt se nuk do të mund të ndodhë ajo, përkatësisht nuk do të mund të arrijë të gjithë të rinjtë. Për këtë filluam t’i trajnojmë udhëheqësit klasor, jo të jenë aq psikolog, por thjeshtë si të punojnë me juve, të hapin tema, të bëjnë ushtrime, punëtori për atë se si ju të kujdesni për shëndetin tuaj mental. Kjo do të thotë se herën e ardhshme kur do të bëni test, kujdestari mund të bëjë një ushtrim të thjeshtë që do të merr pesë minutar, ai test më të mos paraqesë situatë stresuese”, tha Ivkovski.

    Ky program e zhvillojnë tash më dy vite dhe shpresojnë se Ministria e Arsimit do të pranojë që ajo të futet në arsimin formal. Qëllimi i “Të rinjtë munden” siç tha Ivkovski është shërbimet adekuate për trajtimin e shëndetit mental përpos në aspekt territorial, të bëhen më të qasshme edhe në atë sistematik.

    “E dimë se ndoshta këshillimi momental dhe psikoterapia janë nga 1.500 deri në 3.000 denarë, që për një të ri nuk është bash çmim adekuat i qasshëm. Për këtë zotohemi që psikologët të jenë amë, siç ka mjek amë të ketë edhe psikolog amë ku do të mund të jetë e qasshme kujdesi për shëndetin mental, sepse besojmë se disi e neglizhojmë atë pjesë është është e rëndësishme edhe ndaj shëndetit fizik edhe ndaj shëndetit social”, potencoi Ivkovksi.

    Arta Starova nga Shoqata Ekologjike e Maqedonisë në skenë performoi duke i treguar publikut një kurthë, objekt që përdoret për kapjen e kafshëve të egra. Sip sqaroi ajo në fjalimin e saj në temë “Lufta e të rinjvë kundër krimit ndaj botës së egër”, përdorimi i një objekti të tillë është vepër penale e cila shkakton stres shumë të madh, mundim, lëndime të rënda dhe vdekje të kafshë. Me këtë, Starova foli edhe për veprat e tjera penale të cilat shkojnë vdekje direkte, siç është gjuajtja, helmimi dhe tregtia e kafshëve të egra.

    “Unë më saktë punoj në një projekt për helmimin e kafshëve të egra dhe bashkëpunoj me institucione nacionale për përforcimin e kapaciteteve të tyre për luftën kundër helmimit. Helmimi zakonisht ndodhë nga ana e blegtorëve të cilët në tentim që ta mbrojnë bagëtinë e tyre nga ujqërit apo arinjtë nëse kanë dëme, vendosin karrema helmues, për shembull një copë ushqim të pluhurosur me ndonjë substancë helmuese, zakonisht pesticid”, tha aktivistja.

    Sipas Starovës, ajo që është e rrezikshme në këto karrema helmues është ajo që bëhet fjalë për metod joselektive, përkatësisht një karremë helmues mund të shkaktojë numër të madh të vdekshmërisë sepse kafshët që vet do të helmohen bëhen karremë helmues dhe helmojnë më tej me automatizë. Ajo theksoi se, këto vepra penale ndaj botës së egër kanë motive të ndryshme, metoda dhe pasoja dhe se rasti i helmimit nga ana e një bariu Mile, i cili u dëmtua nga një ujk dhe bleu karrem helmues, nuk mund të krahasohet me krimin e organizuar që ndodh me tregtinë e palejuar. Prandaj, theksoi Starova, krimet e tilla duhet të trajtohen ndryshe.

    “Më e rëndësishme është denoncimi, për këtë i bindim të banorët lokal të denoncojmë. Një pjesë e madhe që nuk ka zhvillim është sepse nuk ka të dhëna. Njerëzit nuk denoncojnë kur ka helmim, ose sepse nuk beojnë se institucionet do të bëjnë diçka ose ndoshta edhe vet janë të përfshirë. Nëse askush nuk del në terren, mund t’i kontaktoni organizatat joqeveritare, që më së shpeshti ndodhë. Njerëzit na kontaktojnë neve, ndërsa më tej ne i kontaktojmë njerëzit me të cilët bashkëpunojmë dhe kemi ndërtuar raport”, potencoi ajo.

    Nade Vanishka nga lëvizja “Të gjithë për QKR” tha se idea për iniciativën u ka lindur për shkak të ndryshimeve të cilat i kanë ndodhur papritur QKR-së. Shkurtimi i buxhetit dhe emërimi i drejtorit të ri kanë qenë vetëm një pjesë e arsyeve që të ndizet lufta dhe dëshira për drejtësi e këtyre të rinjve.

    “Puna e parë që ndodhi ishte protestë koncerti para QKR përkatësisht në platon para QKR-së ku shumë të rinjë erdhën për të performiuar dhe me atë ta shprehin revoltën e tyre, atë ditë filluam edhe peticion edhe fizikisht edhe online dhe e dorëzuam në Qytetin e Shkupit, ndërsa kemi bërë edhe aksion gueril gjatë seancës së Qytetit të Shkupit, ku kryetarja e Qytetit të Shkupit, Danella Arsovska, e cila udhëhiqte këtë proces të ndryshimeve në QKR pretendote se gjithçka që është në opinion dhe atë që ne e dimë si informatë është e pasaktë. Atëherë u përballëm me shumë stres dhe presion nga opinioni dhe të gjithë u kthyen kundër nesh, ne donin të bënin ndryshim, por nuk e dinim se cilat ishin mundësisht dhe këtu veç më u tërhoqëm”, deklaroi Nade Vanishka dhe shtoi se, tërheqja e tyre ka qenë e shkurtë për shkak se tani sërish ka ndryshime me QKR-në.

    “Para disa muajve kishte konkurs për drejtor të QKR-së dhe në atë konkurs u zgjodhë Beni Shaqiri. Konkursi ishte legal por zgjedhja e drejtorit nuk ishte. Ai ishte momenti vendimtare kur vendosëm se duhet të bëjmë diçka. Vendosëm të veprojmë në vazhdimësi dhe filluam të bëjmë ngjarje para, rreth dhe prapra QKR-së përkatësisht atë hapësirë që e kemi të rëndësishme të jetojë sepse ajo hapësirë është publike dhe nuk kishte mënyrë se si të na largojë dikush nga ajo hapësirë. Tani presim të shohim çfarë do të thotë ky ndryshim përkatësisht nëse ndërrimi i drejtorit do të thotë edhe ndërrim i QKR-së përkatësisht nëse do të ndryshohet programi kulturor dhe nëse hapësira alternative për të rinjtë do të zhduket”, shtoi Nade.

    Ndërkaq, Marija Arsenkova tha për QKR-në se ajo është hapësirë publike e cila duhet të jetë e qasshme për të gjithë të rinjtë të cilët duan të takojnë dhe njohin dikë më të ndryshëm prej tyre por edhe të shohin dhe dëgjojnë diçka të re.

    “Të gjithë kemi nëvojë për vende ku do të relaksohemi dhe do të njohim njerëz të ri. Shkojmë në QKR të shohim diçka të re. Të dëgjojmë bend të ri, të shohim ekspozitë të re, të takohemi me dikë dhe ngjashëm. Hapësirat publike duhet të mirëmbahen që të mos humb rëndësia e tyre. Ne si të rinj mund t’i japim rëndësi të re, por assesi nuk guxojmë t’i shkatërrojmë. QKR është institucion publik dhe është një nga vendet i cili kryente funksionin e tij dhe askush nuk kishte problem me atë. Për shumë të rinj, ajo ishte shtëpia e tyre e dytë”, tha Marija Arsenkova.

    Angela Boskoska, Angela Petkova,  Simona Paskoska