Денес промоција на реиздадениот албум „Цветот на светот“ на Тонио Сан од 2004

После 20 години од првата промоција на првиот албум на македонскиот рапер Тонио Сан, за првпат излегува специјално издание во лимитиран тираж во физичка форма за, како што пишува во најавата, „оние најверните колекционери“.

Култниот „Цветот на светот“ ќе може да се набави на ЦД, како што е и оригинално издаден, препечатен во 2024, со истите цртежи и дизајни од 2004. ЦД-то може да се набави на денешната промоција (21 декември) во „Re:start music shop“  во Градскиот трговски центар од 16 до 19 часот.

„На албумот ќе има и бонус песна, која е снимена во 2003 за албумот, но никогаш не беше издадена…   Најверојатно, со причина да биде во ова издание. Не го пропуштајте овој артефакт“, пишува во инфо-соопштението за настанот

Албумот ќе може да се набави по цена од 900 денари.