Денеска започнува шестото издание на „Андерфест“

Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи денеска со почеток од 20  часот во Младински културен центар (МКЦ) во Скопје.

„Публиката и овој пат ќе има можност да ужива во музиката од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава“, истакнуваат од фестивалот.

На годинешното издание на „Андерфест“ ќе настапат Миа Перевска, Стефан Петановски, Basement Cult, The Mole Pack, Fiction и Foolish Green.

„Еден од врвните приоритети на фестивалот сеуште е да ги мотивира младите уметници да продолжат да креираат нови музички дела со кои ќе ги покажат своите големи таленти и вештини и воедно ќе ја промовираат нашата музичка култура и вон границите на нашата држава“, додаваат оттаму.

Картите за фестивалот може да ги набавите на билетарата на МКЦ или на линкот.