Александар Матовски – Цако, како добитник на Наградата од УСАИД за извонреден придонес за младинско учество во изминатата 2016 година и водител на емисијата „Јас сум Цако“ на Радио МОФ, организира тридневен настан чија цел е да го доближи светот на лицата со попречност до сите луѓе.
Од 21 до 23 септември во „Јавна соба“ во Скопје, ќе бидат одржани трибини, поетски читања, изложби, спорт, танцови и музички настапи, а ќе се собираат и донации за лица со здравствени проблеми.
ПРОГРАМА
21.9.2017 г. (четврток) 17:00 ч.
1. Најава
2. Проекција на видеото „Кој е автор на оваа песна“
3. Трибина на тема „Влијанието на медиумите и лицата со попреченост“
4. Ди џеј Дино + дружење и освежување
Донаторска кутија за Марга и Јоце
Продажба на делата на Elizabeta Petkovska
22.9.2017 г. (петок) 17:00 ч.
1. Најава
2. Мигови за поезија
3. Време за забава и спорт
(Латино танци со танчарите на Sara Kocan и формација Даун синдром од Dancers United MK и
Зумба фитнес со Tanja Blazhevska и штитениците на Zavod za rehabilitacija na deca i mladinci-Skopje)
4. Време за музика со Марија, Мики и Yengo Memedovski
5. Arben Beni Shaqiri/ Нон стоп + дружење и освежување
Донаторска кутија за Марга и Јоце
Продажба на делата на Elizabeta Petkovska
23.9.2017 г. (сабота) 12:00 ч.
1. Најава
2. Трибина на тема „Кој сум јас, моето секојдневие, предизвици, желби, надежи, очекувања“
(Igorce Sajnovski, од Струга, продавач на Лице в лице, момче со Даун синдром,
Marija Saveska, од Скопје, средношколка, девојка со церебрална парализа во количка,
Дино Шкрињариќ, од Скопје, водител на музичка емисија на Радио МОФ, момче со Вилијамс синдром
Ema Ananievska, од Скопје, студент на Факултетот за музичка уметност, девојка со оштетен вид и
Florence Garrett, од Лондон, член на национална пливачка репрезентација на Велика Британија, девојка со Даун синдром)
Модератор: Aleksandar Matovski Цако
3. Мини изложба на дела на Никола Колев и Никола Стојановски, лица со Даун синдром,
4. Ди џеј Цако
5. Коктел, со послужување на лицата со Даун синдром од Инклузивни решенија – Скопје/ Inclusive solutions – Skopje
Донаторска кутија за Марга и Јоце
Продажба на делата на Elizabeta Petkovska