Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија” по 17.пат ќе се одржи во Куманово од 1 до 12 октомври. Претставите ќе се играат во НУЦК „Трајко Прокопиев” во Куманово, а на програмата ќе бидат вкупно десет претстави со гости од Србија, Бугарија, Црна Гора и театрите од Велес и Скопје.
Фестивалот ќе се отвори во среда со претставата „Стјуардеси“ на Театар комедија – Скопје, во четврток на програмата е „Црногорец во кревет“ од театарот Монтесцена, додека во петок кумановскиот театар на албански јазик ќе ја игра претставата „Вечера за глупаци“.
За време на фестивалот ќе се играат и претставата „Тартиф“, на театарот „Јордан Х.К.Џинот“ од Велес, „Куде ми е жена“ од театарот „Бора Станковиќ“ од Врање, комедијата „Ла“ на театарот„Никола Вапцаров“ од Благоевград. Исто така Драмски театар – Ќустендил ќе гостува со претставата „Ах, каква безумна ноќ“, Турскиот театар- Скопје со „Војникот фалбаџија“ , Драмски театар – Скопје со „Жени во тесни чевли“, а за затворањето на фестивалот е најавена стенд ап комедијата „1000 зошто, 1000 затоа“ на Сашко Коцев.