„Денови на македонска фотографија 2021“ – конкурс на Фотосојузот на Македонија

Фотосојузот на Македонија, кој годинава одебележува 75 години постоење, го објави конкурсот за 59. Државна изложба на фотографии „Денови на македонска фотографија 2021“ – реномиран и најстар фотографски настан во нашата држава.

Рокот за прием на фотографии е 15.04. 2021, а за победниците ќе одлучува жири во состав: Цветан Гавровски – мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија, Душан Доцевски – кандидат мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија и Мирослав Масин, академски сликар.

Резултатите ќе бидат објавени на 30.04.2021., а отварањето на изложбата ќе се случи на 29.05.2021.

Теми на конкурсот се: „Слободна“ за поединечни фотографии; „Слободна“ за колекција; „Документарна“ фотографија.

На тема „слободна“ ќе се примаaт црно-бели и колор фотографии. Секој автор може да испрати 4 фотографии во поединечна и 4 фотографии во колекција.

На тема „Документарна“ можат да се испратат 4 фотографии кои ќе содржат приказ на случувања од јавниот живот во Р.Македонија, или надвор од границите на нашата држава.

 

Покрај награди ќе се додели и посебно признание Плакета „Благоја Дрнков“.

Повеќе информации за конкурсот можете да видите тука.