Денови на турскиот филм во Скопје и Штип

По повод 101-годишнината од прогласувањето на Република Турција од 28 до 31 октомври ќе се одржат „Денови на турскиот филм“, во киносалите  Киноверзум Штип и Кисела Вода (Скопје).

 Сите проекции почнуваат во 20.30 часот а агендата е следна:

28.10 – Once Upon a Time in Anatolia

 29.10 – The Last Letter

 30.10 – The Wild Pear Tree

 31.10 – Crimean

 Влезот за сите проекции е бесплатен. Сите филмови се на турски јазик со превод на англиски јазик.