Боб Марли e јамајканскиот пејач, текстописец и музичар кој стана икона на реге музиката. Тој е заслужен и за ширење на движењето Растафаријанство, чија култура беше клучен елемент токму за развој на регето.
Во Македонија традиционално се организираат настани во негова чест, обично на 11 мај, кога музичарот почина во 1981 година. За некои е денот на неговата смрт, или по нашки денот на љубовта, обединувањето и слободата.
Овој ден во сабота ќе биде одбележан во скопската кафе-книжарница „Буква“, каде од 12 до 18 часот музика ќе „вртат“ Гето Руди, Папак, Џоџо, НиКој и Ишџан Твин.