Иако имаат висока стручна подготовка, многу од студентите по факултетот често наидуваат на проблеми при наоѓањето работа. Порталот Бизнис Инсајдер, деновиве ги објави десетте дипломи со кои најтешко се доаѓа до работа, земајќи ги во предвид вработеноста и годишната заработка со овие дипломи во Америка.
10. Човечки ресурси и унапредување на способности
Истражувањето на Georgetown Центарот покажа дека дипломираните во гранката на човекови ресурси и унпаредувањето на способностите во САД, имаат просечен годишен приход од 70 илјади долари.
9. Криминалистика и противпожарна служба
Иако работата која ја извршуваат е стресна и опасна, во Америка дипломата за заштита од пожари не е на висока цена. Дипломираните во оваа област заработуваат просечно околу 66 илјади долари годишно.
8. Графички дизајн и комерцијална уметност
Дипломираните во наведените занимања во САД заработуваат годишно околу 50 илјади долари, додека оние со мастер дипломи и без работно искуство можат да заработат и до 61 илјада долари.
7. Музичка академија
Со диплома од музичка академија во Америка годишно се заработува од 46 до 55 илјади долари.
6. Медиуми
Дипломираните новинари во САД, во зависност од искуството заработуваат во просек околу 50 илјади долари.
5. Маркетинг и истражување на пазарот
Луѓето со овој вид диплома заработуваат од 65 до 81 илјади долари годишно.
4. Хемиски инженеринг
Платата на хемиските инженери во САД се движи од 94 до 102 илјади долари годишно.
3. Информациски системи
Дипломираните во оваа област кои работат со внесување, контрола и обработка на податоци, годишно заработуваат 81 илјади долари, а оние со тригодишен факултет околу 66 илјади долари.
2. Фармацевтски науки и администрација
Американските дипломци со ова занимање годишно заработуваат од 108 до 110 илјади долари.
1. Јазици и драмска уметност
На прво место на листата на дипломите со кои најтешко се наоѓа работа во САД се наоѓаат дипломците на јазици и драмски уметности. Освен што во ова подрачје владее висока стапка на невработеност и примањата се мали, па така дипломираните во оваа област заработуваат од 44 до 58 илјади долари годишно.
Извор: Buka