Сезоната на летните музички фестивали започна. Сепак, уживањето во настапите на вашите омилени музичари може да го расипат и навидум банални пропусти. Порталот Beatport состави листа на десет работи на кои е добро да мислат сите кои тргнуваат на фестивал:
1. Празни шишиња за вода.
Секој мора да внесува течности, но редовите на шанковите за пијачки може да значат дека ќе останете жедни подолго време. Понесете празна пластична флаша за вода, која можете да ја наполните на чешма.
2. Патики
Ќе треба да газите по бетон, асфалт или некој друга тврда подлога, и тоа со часови. Инвестирајте во добар пар патики и вашиот грб и колена ќе ви бидат благодарни.
3. Батерија за мобилен
Сите знаат дека местата за полнење мобилни телефони на фестивалите се преоптоварени. Немојте да ги молите луѓето од организацијата да го полнат вашиот телефон зад сцената. Обезбедете се со дополнителна батерија или осигурајте дека едната што ја имате е полна пред тргнување на фестивалот.
4. Долги ракави
Кога играте полуголи со часови на сонце, се потите, а вечерта температурата паѓа за преку десет степени. Ќе ви требаат долги ракави.
5. Чепови за уши
Вашите родители ви кажуваат дека во ’72 стоеле веднаш до звучниците на концерт? Затоа денеска не слушаат најдобро. Земете си пар чепови (затки) за уши. Вашите деца ќе ви бидат благодарни.
6. Кеш
Немојте да бидете еден од оние несреќници кои еден час стојат во редот на банкомат. Ќе ви треба пиво, а за пиво требаат пари. Мислете однапред и обезбедете доволно кеш
7. Течност за дезинфекција
Летните фестивали не се места познати по сјајната хигиена, па најверојатно ќе ви треба дополнителна дезинфекција.
8. Крема за сончање
Журкаџиите кои ќе почнат со забава уште дење, а и оние кои денот ќе го дочекаат пред нивниот омилен диџеј, треба да бидат подготвени на силното сонце. Одберете крема за сончање со заштитен фактор прилегоден за вашата кожа.
9. Трпение
Ако сте ветеран на фестивалите, ќе ви пречи зголемениот број луѓе на ваквите настани, кој го предизвикува растечката популарност на електронската музика. Наместо да им замерувате на помладите „почетници“, обидете се да црпите енергија од нивниот ентузијазам.
10. Отворен ум
Дури и ако сте долгогодишен љубител на музиката и имате свои цврсти фаворити, тоа не значи дека не можете да „ѕирнете“ некој за кој досега не сте слушнале. „Скокнете“ го диџејот што сте го слушале стопати претходно и слушајте некој локален талент, на некоја од помалите сцени.
Извор: Beatport