Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

За годината која измина може да се каже дека донесе голем број возбудувања на уметнички план. Еве ги највпечатливите инсталации кои оставија силна трага на светската уметничка сцена и имаа силен одек во 2013.

1. Во јули, во португалскиот град Агуеда, за време на уметничкиот фестивал „Agitagueda“, тимот на фестивалот создаде весела инсталација составена од илјадници шарени чадори кои висеа над главните улици на овој град.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

2. Британскиот дизајнер Alex Chinneck е автор на инсталацијата со име „From the Knees of My Nose to the Belly of My Toes“, која на уверлив начин прикажува фасада која изгледа како просто да се лизнала од зградата.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

3Уметниците Andy Moss и Jamie Wordly се автори на впечатливата инсталација која го претставува Денот Д и нападот на Нормандија, поточно, на плажата Аромашн. Својата инсталација уметниците ја нарекоа „The Fallen9000“, а ја создадоа во чест на Светскиот ден на мирот.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

4Уметникот Soo Suny Park во Хјустон ја претстави својата инсталација „Unwowen Light“. Своето дело Park го создаде поврзувајќи железни шипки и плексиглас, со различни светлосни ефекти. Посетителите имаа можност да видат како природната светлина се менува кога се гледа од различни агли и во различен временски период.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

5. Во рамки на изложбата „Better Out Then In“ во Њујорк, графити-легендата Banksy создаде инсталација составена од камион кој превезува 60 кукли, на кои главите им се извадени низ отворите. Инсталацијата со наслов „Sirens of the Lambs“ беше поставена на камион на кланица, кој цел ден вртеше низ „месарскиот отсек“ на Менхетн.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

6. Националниот музеј на модерна и современа уметност во Сеул беше домаќин на инсталацијата со која уметникот Do Ho Suh ги претстави двете куќи во кои живеел порано. Куќите се поставени една во друга и претставени во размер 1:1. Првата е традиционална корејска куќа, каде авторот израснал, а втората е модерното и поголемо здание на неговиот прв дом во Америка.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

7. Аргентинскиот уметник Tomas Saraceno е автор на инсталацијата со име „In Orbit“ која е претставена во музејот STANDEHAUS во Германија. Посетителите имаа можност да се качуваат на 25 метри височина стоејќи на огромна челична мрежна конструкција, која се простира на три нивоа. Самата мрежа е тешка повеќе од три тони, а на неа се наоѓаа и големи PVC балони кои посетителите исто така можеа да ги користат.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

8. Кинескиот уметник Ai Weiwei во 2013 година ја претстави новата верзија на својата инсталација „Forever Bicycles“. За оваа целовечерна уметничка инсталација Weiwei употреби 3.144 велосипеди.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

9. „Rain Room“ е заедничка инсталација на лондонско-берлинската продукција Random International. Сите посетители можеа да уживаат во искуството кое овозможува да стоите на дожд, а да не наврнете.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

10. „Infinity Mirrored Room – The Souls of Millions of Light Years Away“ е уметничка инсталација на уметникот Yayoi Kusama составена од стотици лед светилки, поставени на различна височина од подот до таванот, која создава еден непрегледен, но магичен простор. Просторијата е во облик на коцка и обложена е со огледала.

Десет уметнички инсталациии кои ја одбележаа 2013

 

Извор: Окно/Kul.ba