Десетици илјади Италијанци вчера се собраа во Рим на демонстрации против зајакнувањето на фашизмот во земјата, една недела откако десничарски екстремисти упаднаа во седиште на водечкиот италијански синдикат, пренесува „Н1“.
Протестот го предводеа синдикалните лидери под слоганот „Никогаш повеќе фашизам“, а организаторите тврдат дека се собрале околу 100.000 луѓе.
Некои од демонстранти носеа транспарентни на кои пишуваше „Си Вакс“ (да за вакцините), како начин за спротиставување на десничарските екстремисти кои упаднаа во седиштето на синдикатот ЦГИЛ на 9 октомври.
Десничарите тогаш го демолираа седиштето на ЦГИЛ, додека протестираа против воведувањето ковид пропусници на работните места.
Со мерката која стапи во сила пред два дена, за влез на работното место се бара доказ за вакцинација, прележаност или негативен тест на Ковид-19 не постар од 48 часа.
Водачот на ЦГИЛ, Маурисио Ландини на протестот го спореди упадот на десничарите во седиштето на синдикатот со нападите од 1921 година, која тогашната Национална фашистичка партија ги вршеше против синдикатот.