Десетици илјадници лица демонстрираа на улиците на Париз, против продолжувањето на здравствените пропусници и задолжителното вакцинирање кај одредени професии, пренесува „Еуроњуз“.
Ова е втор викенд по ред каде илјадници лица излегоа на улиците за да се спротивстават на владината одлука за задолжителни здравствени пропусници при влез во ресторани, барови и институции за култура.
Со пропусницата, се докажува дека сопственикот е целосно вакциниран, имал негативен резултат на тест за Ковид-19 во последните 24 часа, или пак го прележал вирусот во последните шест месеци.
Ваквата мерка беше објавена минатата недела од претседателот Емануел Макрон во обид да порасне трендот на вакцинација, особено во време кога земјата се бори против раст на случаите од Ковид-19.
Во меѓувреме во Лондон, стотици луѓе протестираа во центарот на градот против најавите за воведување на национални ковид-пасоши.
Судири помеѓу демонстрантите и полицијата
Неколку илјади лица поделени на три различни локации започнале да протестираат во Парис.
„Слобода, јас не сум лабораториско глувче“, било напишано на еден транспарент, додека на Плоштадот „Трокадеро“ се собирале луѓе без маски,
„Вие сте илјадници. Одлично е што можеме да се поврземе со луѓео, но мора да бидеме многу внимателни за да не бидеме фатени во ситуација каде што треба да бидеме внимателни“, изјавил Флориан Филипот, претседателот на „Патриотите“.
Протестите се случуваат откако голем процент од француските граѓани ја поддржаа одлуката на Макрон со која вакцините стануваат задолжителни за здравствените работници и неколку други професии.
„Доколку контекстот беше различен, ќе поминевме и без здравствени пропусници. Ќе ја укинеме оваа мерка во првиот момент кога ќе е непотребна“, изјавил францускиот министер за здравство, Оливиер Веран.
Освен во Париз, протести се одржуваат на територијата на цела Франција.
„Јас нема да ја примам вакцината“, изјавила Сандра, 49 годишна медицинска сестра. „Нашата земја станува тоталитаристичка“, изјавил Жан-Клод Диб, 71 годишен пензиониран возач на камиони, кој дополнил дека е подготвен да се брани.
Минатата сабота, над 110.000 протестирале во Франција против вакцинацијата, „диктатурата и здравствените пропусници, од кои 18.000 лица протестирале во Париз, а останатите 96.000 протестирале во останатите француски градови, информирало француското министерство за внатрешни работи.