Десетици илјади Грузијци излегоа на улиците на главниот град Тбилиси во саботата вечерта да протестираат за контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“ кој е поддржан од Владата.
Демонстрантите маршираа до плоштадот Европа во главниот град, држејќи грузиски и знамиња на Европската Унија и извикувајќи „не за рускиот закон“.
Законот ќе ги таргетира граѓанските организации и независните медиуми кои се финансираат со средства од странство.
Масивни собири ја зафатија црноморската кавкаска земја по речиси еден месец откако владејачката партија Грузиски сон повторно го актуализираше нацрт-законот.
И покрај кампањата на заплашување пред саботниот протест на кој десетици работници во невладини организации, активисти и опозициски политичари добија закани или беа физички нападнати – демонстрантите се појавија во илјадници, неспречени од силниот дожд.
Опозициските партии велат дека законот е измислен „руски закон“ бидејќи Русија воведе сличен закон во 2012 година.
САД рекоа дека законот на загрозува слободата на говор.
Во соседна Русија, законот од воведувањето се користи за да ги маргинализира оние кои го предизвикуваат Кремлин – вклучувајќи и истакнати културни личности, медиумски организации и групи на граѓанското општество.
Повеќето Грузијци на протестите не сакаат раководството на рускиот авторитарен стил да премине и во нивната земја.
„Не ни треба да се вратиме во Советскиот сојуз“, изјави наставничка по Грузијски јазик.
Но, Владата предводена од партијата Гурзиски сон го брани законот, велејќи дека тоа ќе ја „зајакне транспарентноста“ во врска со странското финансирање на невладините организации. Таа цели да го потпише законот до средината на мај.
Ако се усвои, законот ќе бара од секоја невладина и независна медиумска организација која повеќе од 20% од своите приходи ги добива од странство, да се регистрира како „организација која ги следи интересите на странска сила“.
Но, демонстрантите се плашат дека ова може да се искористи за да се уништат клучни критички гласови пред парламентарните избори што треба да се одржат подоцна оваа година.
Прелог-законот ја помина втората парламентарна фаза со спуштање на 23 гласови „против“ од првичните 83. По третото читање, него треба да го потпише претседателката Саломе Зурабишвили која вети дека ќе стави вето, но и покрај тоа Грузиски сон има доволно членови во Собранието за да го отфрли нејзиното вето.
Масовните протести во 2023 ја принудија владејачката партија да се откаже од плановите за вакви слични мерки.