„Cheap Thrills“, хитот на Сиа и Шон Пол е песната која најголем број корисници на апликацијата за препознавање на музика Шазам ја пребарувале во 2016 година.
Веднаш по неа се „This Girl“ на Kungs vs Cookin’ On 3 Burners и „Faded“ на Алан Вокер.
Од сите музичари, најчесто биле пребарувани песни од канадскиот рапер Дрејк.
Најбарана рок песна била „Hymn For The Weekend“ на Coldplay, а „Starboy“ на The Weeknd е најпребаруваната аренби песна изминатата година.
Откако беше лансирана, Shazam е преземена повеќе од милијарда пати, а се користи околу 20 милиони пати на ден.
Другите најпребарувани песни на апликацијата годинава се:
Sia – „Cheap Thrills“
Kungs vs Cookin’ On 3 Burners – „This Girl“
Alan Walker – „Faded“
Mike Posner – „I Took A Pill In Ibiza (Seeb Remix)“
Twenty One Pilots – „Stressed Out“
Lukas Graham – „7 Years“
The Chainsmokers Feat. Daya – „Don’t Let Me Down“
Imany – „Don’t Be So Shy (Filatov & Karas Remix)“
DNCE – „Cake By The Ocean“
Justin Bieber – „Love Yourself“