Десеттина паднати дрвја и неколку оштетени автомобили, прекин на електричната енергија во делови на населбите Центар и Аеродром, како и прекин на телекомуникациската мрежа во неколку скопски населби е резултатот на краткотрајното невреме кое денеска го зафати Скопскиот регион.
Од Град Скопје информираат дека сите подвозници се проодни и дека екипите на јавните градски претпријатија работат на поединечни локации.
Оттаму додаваат дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ на отстранување на проблеми со атмосферската канализација.