Фестивалот за електронска музика и медиумска уметност De:sonanz за своето седмо издание најавува врвни артисти со внимателно одбрана програма од околу 40 музички настапи, изложби и мултимедијални перформанси.
Од денеска, фестивалот започна со објавување на програмата за оваа година. Првиот кој беше најавен како главен гостин е Robert Henke од поранешниот берлински електронски состав Monolake.
Предвидено е да има четири објави на официјалната Фејсбук страница со кои ќе се најавуваат главните настапувачи, а ќе бидат проследени со наградна игра. Секој Фејсбук корисник ќе треба да ја сподели сликата со најавениот артист со што влегува во игра за освојување блок-карта за De:sonanz 2015. Добитниците ќе бидат избрани по случаен пат и објавени на крајот на промоцијата. Еден корисник може да учествува максимум 4 пати.
Целата програма на фестивалот ќе биде објавена утре.