Викендот од 26 август во Папрадиште ќе се одржи настан „Дестинација: Папраат“. Според организаторот, се работи активна дружба и заединчко умствување во природа, во органски амбиент каде што мислите и идеите, чувствата и моцијата работат сталожено и мирно, без дистракции, кристално чисти, на РААТ.
„Целовикендна дружба која вклучува проекција на играни/документарни филмови на отворено (под месечева светлина), музички концерт, слушање музика“, најавува организаторот Филиш Бошевски преку социјалните мрежи.
Програмата е планирана да се одвива во следниот редослед:
Петок (зајдисонце):
*Документарен филм „Cave of Forgotten Dreams“:
-Поглед во пештерите „Chauvet“ во јужна Франција каде што се најдени досега најстарите праисториски цртежи и нивното значење за нас (сега, и во минатото), разбирањето на првиот изблик на креативност, конретно насочена уметност како потреба за исјаснување и објаснување на апстракното.
*Документарен филм „The Tribal Eye – Woven Gardens“:
-Прозорец во светот и животот на номадското племе Кашкаи – Иран. Вешти ткаачи на познатиот персиски килим, жив артефакт на оваа култура во кој е врежана цела животна филозофија и поврзаност со надворешниот и внатрешниот свет.
*Игран филм „The Holy Mountain“ од Alejandro Jodorowsky:
-Езотерична смеса од колоритни сцени и симболика, животната авантурата на алхемистот до возвишување.
Сабота (ден/ноќ):
-Прошетка низ природа до взаемно одбрана дестинација. (долга/кратка/статична…)
*Музички концерт на „Zima Blue – Велес“
Бендот се состои од два члена, Филип Бошевски – Гитара, Томе Киров – тапани. Звукот е колоритен спектар од амбиентален и прогресивен звук, поткрепен со конкретни и позитивни noise бранови кои минуваат низ телото и умот.
*Музички настап на „Mnemonic45 – Битола/Папрадиште“
Познат на сите редовни/чести посетители на Папрадиште, амбиентална/дрон музика, умствена релаксација и исцелителна вибрација која доаѓа од срцето на планината (и пошироко).
*Игран филм “Dreams” од Akira Kurosawa
-Збирка на приказни од умот на еден од најголемите револуционерни филмски режисери на нашето време. Кратки приказни кои опфаќаат различни теми, дел фиктивни и дел од имагинацијата, некои реални и задолжително потребни како алат за одржување на нас и светот околу нас во позитивна насока.
Недела:
-Слободни активности, будење на свеж воздух, утринско истегање, уживање..