22-годишниот Дејан Малзарков од Гевгелија ја објави својата прва песна и спот под името Destrix -„Freedom“. На песната со рокерски вкус, како вокал гостува Наталија Данаилова, а според зборовите на младиот автор, во подготовка е неговиот соло-албум, на кој на секоја песна ќе има гостин-вокалист. Малзарков е тапанар, но свири и гитара и бас. Тој е автор на музиката и аранжманот, додека текстот е на Томас Таушанов. Слушнете ја песната „Freedom“, која најавува убаво музичко освежување од Југот: