Во Детскиот креативен центар (ДКЦ) при МКЦ во сабота (19 октомври) од 12 до 14 часот ќе се одржи детска работилница – експеримент на слонова паста.
Ментори ќе бидат Дафина Шекутковска инжинер по применета физика и Доротеј Нешовски интердисциплинарен уметник, кои објаснуваат дека експериментот на слоновата паста за заби е процесот на распаѓање на хидроген пероксидот.
„Пецивото (калиум јодидот) функционира како каталист за да го разложи хидроген пероксидот на кислород и вода. Сапунот потоа се меша со кислородот и водата, претворајќи се во пена“, се вели во најавата за настанот.
Децата ќе имаат можност да слушнат и предавање за експериментот и да го проследаат физичарот како го изведува. Исто така, да цртаат, илустрираат и изработуваат сончев систем. Односно, децата ќе се запознаат со планетите во сончевиот систем и учат за составот и карактеристиките за секоја планета и сонцето.
Експериментот е наменет за деца од 7 до 10 години, а максималниот број учесници е 15.
Пријава на nesovskidoro@gmail.com.
Работилницата е поддржана од Министерство за Култура на Република Северна Македонија и е дел од програмата „Интерактивни разговори 2“.
„Интерактивни разговори“ се серија на детски работилници, мултидисциплинарен проект кој експериментира со повеќе медиуми и содржини, вклучувајќи: социјални дизајнери, ликовни уметници, аниматори-3Dмоделатори, архитекти, фотографи, пермакултурен дизајн, теоретска физика за реализација на дадените концепции, наменети за детска едукација во повеќе дисциплини и предвиден е да трае во повеќе фази.
Овој проект има цел да комуницира и создава разговори во креативниот процес.