Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Деца кои дошле во судир со законот, најчесто, во определен период од животот биле жртви на насилство, а најголем број случаи биле жртви на семејно насилство. Децата кои живеат на улица и децата згрижени во институции се во уште поголем ризик од насилство. Во Македонија не постои кохерентен систем за обука на здравствени работници за тоа како да ги третираат децата жртви. Во воспитно-поправните домови нема редовен образовен процес. Сè уште нема развиено постпенален систем за деца во судир со законот. Специјализираните сервиси за деца жртви на насилство, сè уште претставуваат предизвик во нашето општество, со што неизмерените проблеми остануваат нерешени. Премногу често, насилството не се следи и не се пријавува.
Ова се некои од главните заклучоци на истражувањето „Семејното насилство како индикатор за развој на детското престапништво“ во кое авторката Моника Чекаловиќ прави преглед на досегашни истражувања на темата, анализира податоци за деца сторители на кривично дело и спроведува интервјуа со стручни лица од областа.
Во истражувањето се укажува дека во државава не постои развиена и единствена база на податоци за евиденција на деца жртви на насилство. Па така, за децата кај кои се забележани воспитно – социјални проблеми во однесувањето, или пак се веќе во судир со законот, односно извршиле кривично дело, не постојат информации за историја за семејството, социјални и други ризици поврзани со семејното функционирање и членовите на домаќинството во кое детето живеее.
На располагање остануваат само податоците од Државниот завод за статистика кои го покажуваат само бројот на деца сторители на кривично дело. Според нив, бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела во 2022 година е намален за 19.7 %, а бројот на осудени деца во судир со законот – сторители на кривични дела е намален за 31.4 % во споредба со 2021 година.
Согласно научно-истражувачкиот извештај Маргинализацијата и девијантноста на младите во судир со законот во воспитно-поправните и казнено-поправните домови во Република Северна Маекдонија – користен во истражувањето – се утврдува дека ризичните семејни фактори се присутни кај сите штитеници од Воспитно поправниот дом (ВПД) и Казнено поправната установа (КПУ) Охрид – институции во кои се сместуваат деца во судир со законот.
Во КПУ Затвор Охрид во период од 2019-2022 год биле примени вкупно 10 деца на издржување казна затвор. Полот на сите деца бил машки. Додека пак возраста на децата кои биле примени во наведениот период е 17, 18, 19 и 20 години. По националност биле Албанци, Роми и двајца државјани на Авганистан. КПУ Затвор Охрид не располага со никакви информации за децата во врска со семејно насилство и евентуална злоупотреба во раното детство на овие деца.
Право на образование
Во воспитно-поправен дом се сместуваат деца со прекинат процес на основно образование или пак деца кои никогаш не започнале со образовниот процес, што претставува јасен индикатор за родителско занемарување и дисфункционалнолност на матичното семејство.
За децата сместени во Воспитно-поправниот дом Тетово и оваа година не започна образовниот процес. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) лани во март утврди директна продолжена дискриминација од Министерството за образование и наука поради необезбедување на задолжително образование во установата.
Според КСЗД на овој начин се спречува процесот на ресоцијализација на децата сторители на кривично дело што е основна функција на Воспитно-поправните домови.
За ова реагираше и Народниот правобранител кој во 2022 година отвори случај во ВПД Тетово и увиде дека седум штитеници се со нецелосно основно образование, и тоа: еден штитеник на возраст од 21 година, има завршено второ одделение; два штитеника на 18 и 19 години се со завршено четврто одделение; еден штитеник на возраст од 15 години е со петто одделение и 3 штитеника од 18, 19 и 20 години имаат завршено седмо одделение.
Откако образованиот процес не продолжи ниту по препораката на КСЗД, Народниот правобранител упати писмо до Владата да ги воведе ветените законски испити за да се обезбеди барем привремено образование за децата штитеници во овој дом.
По ВПД децата се оставени „сами на себе“
Децата во судир со законот доколку им е изречена мерка за престој во ВПД, можат да останат најмалку една година, а најмногу пет години, односно до наполнети 23 години. По излегување од институцијата децата кои во моментов немаат ниту редовен образовен процес речиси остануваат „сами на себе“.
Во истражувањето се наведува информација за Дисциплинскиот Центар за деца кој беше отворен во 2011 година со цел рана детекција и превенција од рецидиви на деца во судир со законот, но не профункционирал. Потоа истиот Центар беше повторно отворен во 2021 година и именуван Центар за деца во ризик.
Од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за Радио МОФ изјавија дека Центарот по реновирањето никогаш не профункционирал.
„За време на мандатот на претходните министри во рамките на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми и нарушено поведение направена била реконструкција и опремување на одреден дел од Јавната Установа каде било планирано да се отвори Центарот, но бидејќи не биле обезбедени средства за вработување на стручни лица, истиот никогаш не профукционирал. Во текот на 2023 година се изречени три судски мерки, но истите неможат да се извршат од горенаведените причини“, велат од МТСП.
Во истражувањето се наведува дека покрај нефункционирањето на центарот, сè уште нема развиено ниту постпенален систем за деца во судир со законот.
„Иако според Законот за извршување на санкциите, центрите за социјална работа треба да продолжат со третманот во заедницата и надзорот на малолетниците, откако тие го напуштаат затворот или воспитно поправниот дом, сепак тоа во пракса не функционира“, стои во истражувањето.
Од друга страна, водител на случај од Центар за социјална работа во интервју за истражувањето изјавува дека во 90% од случаите децата се враќаат кај родителите.
„Како сериозен проблем се јавува и моментот кога ќе се прекине мерката на детето под 18 години. Алтернативите за згрижување на децата се ограничени, капацитетите се скоро секогаш полни. Додека пак, децата кои во процесот на ресоцијализација станале полнолетни лица, не се опфатени со никаков облик на помош при домување. По завршувањето на процесот на ресоцијализација децата, а подоцна веќе полнолетни лица најчесто се враќаат во матичното семејство. Нема алтернативи со кои би можеле да се опфатат овие деца и да се следи нивната интеграција“, се вели во одговорот.
Потребни се советувалишта за деца жртви на семејно насилство
Истражувањето посочува на недостигот на услови и услуги за деца жртви на семејно насилство. Министерството за труд и социјална политика располага со осум специјализирани сервиси за згрижување на жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство, во шест плански региони и осум советувалишта за жртви на насилство во кои треба да се обезбеди психо-социјален поддршка и терапевтски третман за жртвите на семејно насилство и нивните деца.
„Сепак, услугите кои се обезбедуваат во советувалиштата не се во согласност со меѓународните стандарди за испорака на советувалишни услуги. Имено, во советувалиштата нема ангажирано посебен стручен тим за советодавна и психотерапевтска поддршка, па стручните лица во центрите за социјална работа, вработени како водители на случај, имаат дополнителна обврска да ги обезбедуваат овие услуги и тоа не само за жени жртви на насилство, туку и за сите останати корисници/лица во социјален ризик. Услугите за сите корисници се обезбедуваат во ист простор“, се вели во истражувањето.
Во Македонија постои само еден центар кој покрај семејни нуди и посебни услуги за деца жртви и сторители на семејно и родово-засновано насилство. Центарот го управува ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, а услугите во него се целосно бесплатни.
Станува збор за Прв семеен центар во Град Скопје, што воедно е и единствено специјализирано советувалиште за семејно насилство во Македонија каде се одвива психо-социјално советување за целото семејство.
„Ова значи дека преку специјализирани програми за работа, базирани на психотерапија, во советувалиштето услуги добиваат жртви на семејно насилство, сторители на семејно насилство, малолетни деца кои живеат во семејства со семејно насилство и се директни или индиректни жртви на насилството, како и други членови на семејството засегнати од насилство. Центарот нуди и советување за социјални права упатување и придружба до соодветни институции и организации, како и правна помош и поддршка. Квалитетот го гарантираат видни психотерапевти, психијатри и психолози кои сите овие години посветено и одговорно даваат услги во Прв семеен центар. Најважно услугите се доверливи и бесплатни за клиентите“, вели за Радио МОФ Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА.
Советувањето може да биде доброволно, по барање на клиентите, вели Матевска, а може да биде и задолжително по изрекување на соодветна мерка (за сторителите на насилство кои доаѓаат со Решение и изречена судска мерка или за жртвите и децата со препраќање од Центрите за социјална работа).
„Во Прв семеен центар, работиме пред сè со деца кои се во ризик и се директни или индиректни жртви на насилство. Советувањето се состои од серија на сесии со децата и со родителите/ старателите, осбено кога се работи за помали деца“, објаснува Матевска.
Во 2023 година во Центарот биле вклучени 36 малолетни деца – директни или индиректни жртви на семејно насилство. Во 2022 година биле опфатени 35 деца, а во 2021 година 44 деца добиле услуга советување, исто така директни или индиректни жртви засегнати од семејно насилство.
На детското престапништво повеќе се работи теоретски отколку практично
Матевска посочува дека покрај услугите во Првиот семеен центар, ХЕРА работи и со училиштата, но, вели опфатот не е доволен за да можеме да превенираат состојби како инцидентот пред две недели, кога девојче беше претепано од врсници.
„Ваквите инциденти не треба само да не шокираат 3 дена и да заборавиме дека имаме обврска за постапување веднаш после тоа ако веќе не сме превенирале вакви инциденти. Психолошко педагошките служби во училиштата не се доволно подготвени за работа со млади, повеќе административна работат од суштинска, советувалишта нема и младите се оставени сами на себе. Механизмот за равој на овој тип на советувалишта е воспоставен со Законот за социјална заштита 2019, каде граѓански организации, приватни даватели на услуги може да се лиценцираат и да потпишат управен договор со Министерството за труд и социјална политика кое понатаму плаќа за овие услуги. Развојот оди полека, но оди, само треба што повеќе даватели на услуги да се охрабрат и да развиваат советувалишта. Во плурален систем на социјална заштита секако не се очекува државата да ги нуди сите услуги, тоа ни во развиентие земји не е така. Тука сите чинители треба да го дадат својот придонес, секако во органзиран систем кој овозможува државата да гарантира финансиска и програмска одржливост на услугите. Прв семеен центар е лиценцирана услуга и со тоа системот нè препознава и можеме да обезбедиме повеќе услуги“, вели таа.
Според Матевска, проблемот лежи во тоа што многу институции работат на постапување откако е сторено престапништво, а малку се прави во делот на превенција. Кога родителите се под егзистенцијален притисок, а училиштата не се грижат доволно за потребите на децата, тие се оставени сами на себе.
„Училиштата се ресурсен центар и така треба да се гледаат и организираат, таму децата треба да имаат и бесплатни воншколки активности, да учат за емоции, конфлкити. Сексуалното образование кое е воведено како изборен предмет во 9 одделение во новата концепција исто така ги адресира овие прашања и зборува на насилство, булинг и прифаќање на различности. Толку многу отпор за нешто кое им е круцијално на учениците. Ако имаме отпор кон тоа во училиште да зборуваме за теми што се важни за развојот на учениците, исто така дома ретко се зборува за тие теми, тогаш ситуации како онаа што се случи пред некој ден со претепаната
ученичка или онаа во нашето соседство со масакарот во училиштето не треба да не чудат. Кога ќе се случи е доцна. Сега, денес, треба да донесеме одлука за што ни служат училиштата и кој одлучува што ќе се учи, што е релевантно и што им е потребно на децата во оваа држава“, истакнува Матевска.Таа додава дека тие се тука да му подадат рака на системот, но апелира дека и во наставните програми треба да се воведат релевантни теми кои ќе превенираат престапништво кај младите.
Првиот семеен центар во моментов развива програма за момчиња насочена кон превенција од тоа да станат сторители на насилство. Програмата ја прават со соработка и под менторство на партнери од Австрија.
„Со оваа програма за момчиња ќе бидеме фокусирани на превенција и ќе работиме низ училиштата. Очекуваме во 2024 да го истестираме моделот па наредната година ќе споделиме со вас како функционира и дали сме постигнале резултати секако и каов ќе биде опфатот“, вели Матевска.
Ангела Бошкоска
-
Delikuenca e fëmijëve në Maqedoni: Të miturit në konflikt me ligjin, sistemi në konflikt me të drejtat e tyre
Fëmijët që kanë rënë në konflikt me ligjin, më së shpeshti, në një periudhë të caktuar të jetës kanë qenë viktima të dhunës, ndërsa numri më i madh i rasteve kanë qenë viktima të dhunës familjare. Fëmijët që jetojnë në rrugë dhe fëmijët e strehuar në institucione janë në rrezik edhe më të madhë të dhunës. Në Maqedoni nuk ka një sistem koherent për trajnim të punonjësve shëndetësor për atë se si t’i trajtojnë fëmijët viktima. Në shtëpitë edukuese – përmirësuese nuk ka një proces të rregullt arsimor. Ende nuk ka një sistem të zhvilluar post-ndëshkues për fëmijët në konflikt me ligjin. Shërbimet e specializuar për fëmijët viktima të dhunës, ende paraqesin sfidë në shoqërinë tonë, me çka problemet e pamatura mbesin të pazgjidhura. Shumë shpesh, dhuna nuk ndiqet dhe nuk denoncohet.
Këto janë disa nga konkluzionet kryesore të hulumtimit “Dhuna familjare si indikator për zhvillim të delikuencës së fëmijëve”, në të cilin autorja Monika Çekallovikq shqyrton hulumutimet e deritansihme në këtë temë, analizon të dhëna për fëmijë autorë të veprave penale dhe zhvillon intervista me persona profesionistë të fishës.
Në hulumtim thuhet se, në shtet nuk ekziston një bazë e zhvilluar dhe e vetme e të dhënave për evidenvë të fëmijëve viktimë të dhunës. Në këtë mënyrë, për fëmijët te të cilët janë vërejtur probleme edukuese – socilale në sjellje, apo të cilët veç më janë në konflikt me ligjin, përkatësisht kanë kryer vepër penale, nuk ka të dhëna për historinë e familjes, rreziqe social apo të tjera në lidhje me funksionimin familjar dhe anëtarët e amvisërisë në të cilën ka jetuar fëmija.
Mbeten në dispozicion vetëm të dhënat e Entit Shtetëror të Statistikës të cilat e tregojnë vetëm numrin e fëmijëve autorë të veprave penale. Sipas tyre, numri i fëmijëve të paraqitur në konflikt me ligjin – autorë të veprave penale në vitin 2022 është ulur për 19,7%, ndërsa numri i fëmijëve të dënuar në konflikt me ligjin – autorë të veprave penale është ulur për 31,4% në krahasim me vitin 2021.
Sipas raportit hulumtues – shkencor Margjinalizimi dhe devijimi i të rinjve në konflikt me ligjin në shtëpitë edukuese – përmirësuese dhe ndëshkuese – përmirësuese në Republikën e Maqedonisë së Veriut – të shfrytëzuar në hulumtim – konstatohet se, faktorët e rrezikut familjar janë të pranishëm te të gjithë të mbrojturit nga Shtëpia Edukuese Përmirësuese (SHEP) dhe Instituti Ndëshkimor – Përmirësues (INP) Ohër – institucionet në të cilat vendosen fëmijët në konflikt me ligjin.
Në INP Burgu Ohër në periudhën prej vitit 2019 – 2022 janë pranuar gjithësej 10 fëmijë për vuajtjen e dënimit me burg. Gjinia e të gjithë fëmijëve ka qenë mashkullore. Ndërkaq, mosha e fëmijëve që janë pranuar në periudhën e theksuar është 17,18,19 dhe 20 vjeçare. Sipas nacionalitetit, kanë qenë shqiptarë, romë dhe dy shtetas të Afganistanit. INP Burgu Ohër nuk disponin me asnjë informatë për fëmijët në lidhje me dhunën familjare dhe keqpërdorimin eventual në fëmijërinë e hershme të këtyre fëmijëve.
E drejta për arsimim
Në shtëpinë edukuese – përmirësuese vendosen fëmijë me proces të ndërprerë të arsimit fillor apo fëmijë të cilët nuk kanë filluar asnjëherë procesin arsimor, që paraqet një indikator të qartë për neglizghencën prindërore dhe mosfunksionim të familjes amtare.
Për fëmijët e vendosur në shtëpinë edukuese – përmirësuese Tetovë edhe këtë vit nuk filloi procesi arsimor. Komisioni për parandalim dhe mbrojtje nga diskrimimin në mars të vitit të kaluar konstatoi diskriminim direkt të vazhdueshëm nga Minsitria e Arsimit dhe Shkencës, për shkak të mos sigurimit të arsimit të detyrueshëm në institut.
Sipas KPMD-së në këtë mënyrë pengonet procesi i risocializimit të fëmijëve autorë të veprave penale, që është funksioni bazë i shtëpive edukuese – përmirësuese.
Për këtë reagoi edhe Avokati i Popullit i cili në vitin 2022 hapi lëndë në SHEP Tetovë dhe konstatoi se shtatë të mbrojtur janë me arsim fillor jo të plotë, edhe atë: një i moshës 21 vjeçare ka përfunduar klasën e dytë, dy të moshën 18 dhe 19 vjeçare kanë përfunduar klasën e katërt, një i moshën 15 vjeçarë është me klasën e pestë dhe 3 të moshës 18,19 dhe 20 vjeçare kanë përfunduar klasën e shtatë.
Pasi procesi arsimor nuk filloi as pas rekomandimit të KPMD-së, Avokati i Popullit i drejtoi një letër Qeverisë që t’i vendos provimet ligjore të premtuara që të sigurohet të pakten arsimim i përkohshëm për fëmijët e mbrojtur në këtë shtëpi.
Në SHEP fëmijët janë lënë “në dorë të vetes së tyre”
Fëmijët në konflikt me ligjit nëse u shqiptohet masa për qëndrim në SHEP, mund të mbesin më së paku një vit, ndërsa më së shumti pesë vite, përkatësisht deri 23 vjeç jo të plota. Pas daljes nga institucioni fëmijët të cilët momentalisht nuk kanë as proces të rregullt arsimor mbesin pothuajse “në dorë të vetes së tyre”.
Në hulumtim theksohet informatë për Qendrën Disciplonore për fëmijë e cila ishte hapur në vitin 2011 me qëllim të detektimi të hershëm dhe parandalimit të recidivizmit të fëmijëve në konflikt me ligjin, por nuk ka funksionuar. Më pas, qendra e njëjtë u hap sërish në vitin 2021 dhe u emërua Qendra për Fëmijë në Rrezik.
Nga Minsitria e Punës dhe Politikës Sociale (MPPS) deklaruan për Radio MOF se, pas rinovimit qendra nuk ka funksionuar më asnjëherë.
“Gjatë kohës së mandatit të ministrave të mëparshëm në kuadër të IP për strehim të fëmijëve me probleme edukuese sociale dhe sjellje të çrregullta është bërë rikonstruim i pajisjes së një pjese të caktuar të Institutit Publik ku është planifikuar të hapet qendra, por pasi që nuk janë siguruar mjetet për punësimin e personave profesionist, e njëjta nuk ka funksionuar asnjëherë. Gjatë vitit 2023 janë shqiptuar tre masa gjyqësore, por të njëjtat nuk mund të ekzekutohen për shkak të arsyeve të lartpërmendura”, thonë nga MPPS.
Në hulumtim theksohet se, përkrah mosfunksionimit të qendrës, ende nuk ka as sistem të zhvilluar post-ndëshkues për fëmijët në konflikt me ligjin.
“Edhe pse sipas ligjit për ekzekutimin e sanksioneve, qendrat për punë sociale duhet të vazhdojnë me trajtimin në komunitet dhe mbikëqyrjen e të miturve, pasi që ata të dalin nga burgu apo nga shtëpia edukuese – përmirësuese, megjithatë ajo në praktikë nuk funksionon”, qëndron në hulumtim.
Nga ana tjetër, udhëheqësi i një rasti nga Qendra për Punë Sociale në intervistë për këtë hulumtim deklaron se, në 90% të rasteve, fëmijët kthehen te prindërit.
“Si problem serioz shfaqet edhe momenti kur ndërpritet masa e fëmijës nën moshën 18 vjeçare. Alternativat për strehimin e fëmijëve janë të kufizuara, kapacitetet janë pothuajse gjithnjë të mbushura. Derisa fëmijët të cilët gjatë procesit të risocializimit janë bërë persona të rritur, nuk janë të përfshirë në asnjë formë të ndihmës për vendosje. Fëmijët, ndërsa më vonë persona tashmë të rritur, pas përfundimit të procesit të risocializimit, më së shpeshti kthehen në familjen amë. Nuk ka alternativë me të cilën do të mund të përfshihen këta fëmijë dhe të ndiqet integrimi i tyre”, thuhet në përgjigje.
Nevojiten këshillimore për fëmiëjt viktima të dhunës familjare
Hulumtimi thekson mungesën e kushteve dhe shërbimeve për fëmijët viktima të dhunës familjare. Ministria e Punës dhe Politikës Sociale disponon me tetë shërbime të specializuara për strehim të grave dhe fëmijëve viktima të dhunës familjare dhe gjinore, në gjashtë rajone planifikuese dhe tetë këshillimore për viktima të dhunës në të cilat do të duhet të sigurohet mbështetje psiko-sociale dhe trajtim terapeutik për viktimat e dhunës familjare dhe fëmijët e tyre.
“Megjithatë, shërbimet të cilat sigurohen në këshillimore nuk janë në pajtueshmëri me standardet ndërkombëtare për plotësimin e shërbimeve këshillimore. Përkatësisht, në këshillimoret nuk ka të angazhuar ekip të posaçme profesionale për mbështetje këshilluese dhe psikoterapeutike, kështu që personat profesionist në qendrat për punë sociale, të punësuar si udhëheqës të rasteve, kanë detyrim shtesë t’i sigurojnë këto shërbime dhe atë jo vetëm për gratë vitkima të dunës, por edhe për gjithë përdoruesit/personat e tjerë në rrezik social. Shërbimet për gjithë përdoruesit sigurohen në të njëjtën hapësirë”, thuhet në hulumtim.
Në Maqedoni ka vetëm një qendër e cila përkrah shërbimeve për viktimat e dhunës familjare, ofron edhe shërbime të posaçme për fëmiëjt viktima dhe autorë të dhunës familjare dhe asaj të bazuar në gjini. Qendrën e menaxhon HERA – Asociacioni për edukim shëndetësor dhe hulumtim, ndërsa shërbimet në të janë tërësisht falas.
Bëhet fjalë për qendrën e parë familjare në Qytetin e Shkupit, që njëkohësisht është edhe këshillimorja e vetme e specializuar për dhunë familjare në Maqedoni, ku zhvillohet këshillim psiko-social për gjithë familjen.
“Kjo do të thotë se, përmes programeve të specializuara për punë, të bazuar në psikoterapi, në këshillimore marrin shërbime viktimat e dhunës familjare, autorë të dhunës familjare, fëmijë të mitur që jetojnë në familje me dhunë familjare dhe janë viktima direkte apo indirekte të dhunësm si dhe anëtarë të tjerë të familes, të prekur nga dhuna. Qendra ofron edhe këshillim për të drejta sociale, udhëzime dhe shoqërim deri te institucionet dhe organizatat adekuate, si dhe ndihmë dhe mbështetje juridike. Cilësinë e garantojnë psikoterapistë, psikiatër dhe psikologë të shquar, të cilët gjatë gjithë këtyre viteve japin shërbime me përkushtim dhe përgjegjësi në Qendrën e Parë Familjare. Më e rëndësishmja, shërbimet janë të besueshme dhe falas për klientët”, thotë për Radio MOF, Vesna Matevska, udhëheqëse e programit në HERA.
Këshillimi mund të jetë vullnetarë, me kërkesë të klientëve, thotë Mitevska, por mund të jetë edhe i obligueshëm pas shqiptimit të ndonjë mase adekuate (për autorët e dhunës të cilët vijnë me vendin dhe masë të shqiptuar gjyqësore apo për viktimat dhe fëmijët me referim nga Qendrat për Punë Sociale.)
“Në Qendrën e Parë Familjare, punojmë para së gjithash me fëmijë të cilët janë në rrezik dhe janë viktima direkte apo indirekte të dhunës. Këshillimi përbëhet nga një seri e sesioneve me fëmijët dhe me prindërit/kujdestarët, veçanërisht kur bëhet fjalë për fëmijë më të vegjël”, sqaron Matevska.
Në vitin 2023 në këtë qendër janë mbuluar 36 fëmijë të mitur – viktima direkte apo indirekte të dhunës familjare. Në vitin 2022 janë mbuluar 35 fëmijë, ndërsa në vitin 2021, 44 fëmijë kanë marrë shërbimin këshillim, gjithashtu viktima direkte apo indirekte të prekur nga dhuna familjare.
Delikuenca e fëmijëve trajtohet më shumë teorikisht sesa praktikisht
Matevska thekson se, përkrah shërbimeve në Qendrën e Parë Familjare, HERA punon edhe me shkollat, por thotë se, mbulimi nuk mjafton që të mund të parandalojmë situata si incidenti para dy javëve, kur një vajzë u rrahë nga moshatarët e saj.
“Incidentet e këtilla nuk duhet vetëm të na trondisin 3 ditë dhe të harrojmë se kemi për obligim të veprojmë menjëherë pas asaj, nëse veç më nuk kemi parandaluar incidente të këtilla. Shërbimet psikologjike pedagogjike në shkolla nuk janë mjaftueshëm të përgatitur për punë me të rinj, bëjnë më shumë punë administrative sesa thelbësore, nuk ka këshillimore dhe të rinjtë janë lënë në duart e vetes së tyre. Mekanizmi për zhvillim të këtij lloji të këshillimoreve është vendosur me ligjin për mbrojtje sociale në vitin 2019, ku organizatat qytetare, ofruesit privat të shërbimeve mund të licencohen dhe të nënshkruajnë marrëveshje administrative me Ministrinë e Piunës dhe Politikës Sociale, e cila më tej paguan për këto shërbime. Zhvillimi ecë ngadalë, por ecë, vetëm duhet sa më shumë ofrues të shërbimeve të inkurajohen dhe të zhvillojnë këshillimore. Në sistemin plural të mbrojtjes sociale gjithsesi nuk pritet që shteti t’i ofrojë të gjtiha shërbimet, ajo nuk është ashtu as në shtetet e zhvilluara. Këtu duhet të japin kontributin e tyre të gjithë aktorët, kuptohet në një sistem të organizuar i cili mundëson që shteti të garantojë qëndrueshmëri financiare dhe programore të shërbimeve. Qendra e Parë Familjare është shërbim i licencuar dhe me atë, sistemi na njeh dhe mund të sigurojmë më shumë shërbime”, thotë ajo.
Sipas Matevskes, problemi qëndron në atë që shumë institucione punojnë në veprim pas kryerjes së një delikuence, ndërsa shumë pak bëhet në pjesën e parandalimit. Kur prindërit janë nën presion ekzistencial, ndërsa shkollat nuk kujdesen mjaftueshëm për nevojat e fëmijëve, ata lihen në duart e veta.
“Shkollat janë qendër resursesh dhe ashtu duhet të shihen dhe organizohen, aty fëmijët duhet të kenë aktivitete falas jashtë shkollore, të mësojnë për emocionet, konfliktet. Edukimi seksual që është vendosur si lëndë zgjedhore në klasën e 9-të në konceptin e re, gjithashtu i adreson këto çështje dhe flet për dhunën, bullizmin dhe pranimin e dallimeve. Aq shumë rezistenë për diçka që është kruciale për nxënësit. Nëse kemi rezistencë ndaj asaj që në shkolla të flasim për tema të cilat janë të rëndësishme për zhvillimin e nxënësve, po ashti në shtëpi flitet rrallë për ato tema, atëherë situatat si ajo që ndodhi para disa ditëve me nxënësen e rrahur apo ajo në fqinjësinë tonë me masakrën në shkollë, nuk duhet të na habisin. Kur të ndodhë është vonë. Tani, sot, duhet të sjellim vendim për çfarë na shërbejnë shkollat dhe kush vendosë se çfarë do të mësohet, çka është relevante dhe çka u nevojitet nxënësve në këtë shtet”, thekson Matevska.
Ajo shton se, ata janë këtu për t’ia zgjatur dorën sistemit, por apelon se edhe në programet mësimore duhet të vendosin tema relevante të cilat do të parandalojnë delikuencë te të rinjtë.
Qendra e Parë Familjare momentalisht zhvillon program për djemtë, që synon parandalimin e tyre për t’u bërë autorë të dhunës. Programin e bëjnë në bashkëpunim dhe nën mentorim të partnerëve nga Austria.
“Me këtë program për djemtë do të fokusohemi në parandalimin dhe do të punojmë nëpër shkolla. Presim që në vitin 2024 ta testojmë modelin, ndërsa vitin e ardhshëm do të ndajmë me ju si ka funksionuar dhe a kemi arritur rezultate, gjithsesi dhe sa do të jetë përfshirja”, thotë Matevska.