Откако дознал дека НАСА го бара својот нареден „Офицер за планетарна заштита“, 9-годишниот Џек Дејвис решил да ја поднесе својата апликација за работното место. Џек, кој самиот се смета за „чувар на галаксијата“, смета дека ги има посветеноста и потребните квалификации за да биде успешен во работата.
„Сум ги видел сите филмови за вселената и вонземјаните кои смеам“, објаснува Џек. „Исто така, сум ја гледал серијата Marvel’s Agents of S.H.I.E.L.D и се надевам дека наскоро ќе го гледам Men in Black“.
Тоа дека нема претходно вакво искуство, тврди Џек, е позитивна работа.
„Многу сум добар со видео игри“, вели тој. „Млад сум, па можам да научам да размислувам како вонземјанец“.
When 4th grader and self-proclaimed “Guardian of the Galaxy”, Jack, wrote to us about applying for a job, we replied https://t.co/932pj3Q50B pic.twitter.com/RhcGdnzGAw
— NASA (@NASA) August 4, 2017
„Можеби имам само девет години, но мислам дека одговарам за работата. Една од причините за тоа е што сестра ми секогаш ми вели дека сум вонземјанец“.
За жал, работната позиија офицер за планетарна заштита е многу помалку возбудлива од уништување на вонземјани. Всушност, задачата е да се заштити Земјата од „загадување со микроби од другите планети“.
НАСА се обидела да му ја соопшти тажната вест на малиот Џек на најлесниот можен начин:
„Се работи за заштита на Земјата од минијатурни микриби кои ги носиме со примероци од месечината, астероидите и Марс. Исто така, се работи за заштита на другите планети и месечини од нашите бактерии, бидејќи одговорно го набљудуваме Соларниот систем“, напишал во писмо Џејмс Л. Грин, директор на одделот на НАСА за планетарна наука.
Од НАСА го охрабруваат Џек да се пријави за работа во иднина.