Деветто издание на „Рудар Рок Фест“ на 25 август во Пробиштип

На 25 август (петок) на повеќенаменското игралиште во градскиот парк во Пробиштип ќе се одржи деветтото издание на „Рудар Рок Фест“.

Организаторите посочуваат дека и оваа година се обиделе да ги заживеат основните карактеристики на овој рок настан од претходните години, односно хард рок музиката и промовирањето на нови бендови од македонската рок сцена.

„Па така посетителите ќе имаат можност да уживаат во хард рок, панк и метал звуци на нашите изведувачи. На ‘Рудар Рок Фест’ 2023 година ќе настапат младиот хард рок бенд ‘Преку ред’, кои скоро го издадоа својот прв албум Хаос. Понатаму, прогресив-рок бендот Беседа, победници на последното издание на ‘Лузер фест’. Нашите ‘Прв ред’, во нивниот препознатлив панк-рок стил. По примерот на ланската година и за 2023 повикавме кавер бенд ќAshbornќ кој ќе отсвири големи хитови од историјата на рок музиката. За љубителите на тешките метал звуци за оваа година ги имаме амбициозните Мамут. И за крај се одлучивме да имаме едно истакнато име од македонската рок сцена од осамостојувањето а тоа се алтернативниот рок бенд ‘Ласт експедишн’.
Поздрав со рударското среќно“, велат организаторите.

Фестивалот се организира во рамките на културните денови по повод 28 август – Денот на рударите и големиот христијански празник – Пресвета Богородица.