Од 27 до 31 јануари ќе се одржи деветто издание на „Global Game Jam“ маратонот во правење игри, оваа година онлајн и во проширен формат, се вели во најавата за настанот.
„Сите сте поканети! Гејм дизајнери, 2Д артисти, програмери и девелопери, саунд дизајнери, 3Д моделери, раскажувачи и писатели, мрчатори, ловци на багови, но и сите кои сакаат да да имаат било каква врска со игри. Сега немате оправдување за ескивација! Сите на едно место, без ограничување со локации, превоз и други логистички гличови“, се додава во најавата за настанот.
Оттаму посочуваат дека заинтересираните можат бесплатно да се пријават на следниов ЛИНК, како и да се приклучат на официјалниот канал на платформата „Дискорд“.
Темата, наградите и другите информации сè уште не се познати, но тие најавија дека ќе бидат објавени дополнително.