„Самовила“ минатиот викенд делела бесплатна марихуана низ улиците на Сиетл, со цел да го подобри расположението на луѓето во градот, објави магазинот „Тајм“.
Сепак, според весникот, „самовилата“ и не е некое волшебно суштество, туку станува збор за 23-годишната Јени Слејд, која шета низ градовите во САД и на разни места остава летоци со разни пораки, на кои има залепено и мало количество марихуана, пренесе МИА.
Слејд, која потекнува од Калифорнија, пред неколку месеци истото го направила и во Њујорк, што наишло на добри реакции, па одлучила да продолжи со таквата пракса.
– Мислам дека луѓето се малку загрижени затоа што ова е нешто ново. Сомнителни се. Но, тоа е вистинска „трева“ и не е ништо опасно во прашање, изјави Слејд.
Минатиот викенд таа во Сиетл поделила 40 пакетчиња марихуана.