Девојка од Индија работи на идејата да го направи животот одржлив преку претворање на корите од кокос кои завршуваат како отпад во еколошки предмети за секојдневна употреба.
Дваесет и шест годишната Марија Курјакос од Керала е девојка каде стекнала искуство во бизнисот и економијата а потоа продолжила да студира и работи во Мумбај, каде живеела околу 7 години. Таа работи со природни производи, бидејќи сметала дека тоа ќе има придобивки за земјоделскиот сектор.
Марија го избрала зборот „Тенга“ за нејзините производи, термин кој означува „кокос“ на нејзиниот мајчин малајалски јазик.
„Кокосот е нешто во кое може да го искористите во секој дел. Кокосот има важна улога во животот на секој Кералит (жител на Керала). Познат е како дрвото на животот во Керала. Решив да користам лушпи од кокос кои завршиле како отпад“, вели Марија за Анадолија.
Таа ја напуштила работа во Мумбај и одлучила да се врати во родната држава Керала, со цел да се посвети на „Тенга“. Со помош на нејзиниот татко во 2020 година создала компанија и започнала со производство.
Кокосот претставува главна култура на Керала, но Марија сфатила дека освен кокосовото масло, сите други делови од кокосот завршувале како отпад. Таа увидела дека кокосовите кори горат како отпаден производ и само дел од нив биле преработени и се користеле како активен јаглен.
„Кората од кокос е има елементи на одржливост и може да биде замена за пластиката, особено за изработка на кујнски предмети“, вели таа.
Младата девојка е загрижена за негативното влијание што луѓето го имаат на Земјата, па затоа никогаш не користела пластични производи, дури и за време на нејзиниот престој во Мумбај.
„Тенга“ во моментов произведува околу 15-20 производи, меѓу кои: чинии, чаши, лажици и виљушки од кокос. Нејзиниот прибор за јадење е произведен по природен пат и не содржи никакви хемикалии. Па затоа со цел да го задржи нејзиниот материјал целосно природен, Марија го обучила својот персонал да користи кокосово масло како замена за лак за последниот слој. Во компанијата имаат вкупно 15 вработени, вклучително и 12 занаетчии за кокос, за производство на различни материјали. Од пред некое време започнале да извезуваат кокосови материјали во САД, Велика Британија и Обединетите Арапски Емирати.
„Гледаме какви производи можеме да развиеме. Планираме да ја прошириме деловната соработка и базата на клиенти. Следно, планираме да изработиме плочки од кокос, па потоа мебел од кокос, играчки од кокосова кора и кокосови садови за материјали за пакување“, посочува Марија.